Животот во СФРЈ: За невработеност од 20 %, во Македонија сега, може само да сонуваме!
Објавено во: Анализа 08 Март, 2013 09:32
Се на се, во почетокот на 1990-тите, огромната разлика со стапката на невработеност по одделни држави стигнуваат до горна точка на подносливост, а обидите на сојузните влади да ја намалат огромната разлика почна да доживува неуспех. Зошто економскките спротивности во СФРЈ, особено проблемот со невработеноста, не се решаваше со миграција на граѓаните од подрачјата со висока на подрачјата со ниска невработеност? Зошто со други зборови, не профункционира вообичаениот механизам пазар на работна сила каква што постои во западните демократии? Одговорот според професорот Здравко Петак, може да тргне во правец на аргументирање на социјалистичко економскиот состав и непостоењето институционален пазар на работна сила. Но, овој одговор не е целосен. Всушност, независно од институцијализацијата, пазарот на работна сила во одредена смисла сепак функционираше. Границата до која тоа беше можно, беше границата на национални заедници.
Да постоеше СФРЈ денес ќе бевме дел од ЕУ и НАТО и пред Грција
Доколку СФРЈ не се распаднеше, денес ќе живеевме во конфедеративна Југославија, која оддамна ќе беше членка на ЕУ и НАТО. Стандардот ќе ни беше неспоредливо подобар, со просечна плата од околу 740 евра.
Да постоеше сега СФРЈ денес ќе бевме многу далеку пред Грција, а во одделни земјоделски гранки позади нас ќе беа дури и развиени земји, како на пример Австрија, смета српскиот економист Мирослав Здравковиќ. Според него, денес би имале значајно поголема заработка, број на вработени, особено мала невработеност, повисоко ниво на производство, извоз и БДП.
„Многу не уназадија војните и распадот на СФРЈ, санкциите кои не следеа цело време. Сепак, тоа не може денес, после 20 години, да би биде изговор за внатрешната неспособност. Можевме со ова да се правдаме пет, па и десет години, но тоа веќе не држи вода. Дефинитивно, проблемот е само до нас“, потенцира економистот Здравковиќ.
За Фактор, Мишко Иванов, новинар на 24 Вести
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





