Животот во СФРЈ: Зошто Македонците се уште тагуваат по заедничката држава?
Објавено во: Анализа 07 Март, 2013 08:27
Табела 2: БДП во однос на почетокот на транзициската разделба, 2002 година
Словенија пати по СФРЈ
Овие бројки, меѓудругото ги потврдуват тезите на социологот растко Мочник кој потестува дека во некогашна Југославија, неговата Словенија имала привилегиран пристап до пазар од 20 милиони луѓе. Според неговите зборови, Словенија е сега југот на Европа, неразвиена како Шпанија, Португалија и Грција.
„Да беше ситуацијата нормална, Словенците кои го напуштија последниот конгрес на Сојузот на комунисти во Белград во 1990 година, веднаш требаше да отидат во Загреб, Скопје, Сараево и Титоград да бараат сојузници и создадат политичка алтернатива, но тоа не беше направено, бидејќи во тој момент веќе беше невозможно да се организира политичка сила на федерално ниво, што пак е услов за да функционира една федерација“, констатираше Мочник во интервјуто за РТС.
И Македонците сеуште тагуваат по СФРЈ
Во комунизмот, македонските граѓани имале повеќе лични слободи, отколку денес, покажуваат резултатите од анкетата што пред две години ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики. Дури 60 отсто од граѓаните одговориле дека во времето на комунизмот имале поголеми лични слободи, бројот на оние со спротивен став е двојно помал. Бројот на граѓани што сметаат дека животот за време на социјализмот генерално бил подобар од денес е три пати поголем од оние кои го тврдат спротивното. Четири пати повеќе граѓани сметаат дека економијата порано била подобра, од тие кои сметаат дека сега е подобро, покажуваат резултатите од анкетата на Центарот за истражување и креирање политики, направена во 2010 та година.
За Фактор, Мишко Иванов, новинар на 24 Вести
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





