05 Декември, 2025
0.0291

Зимата дојде, социјалата и пензионерите останаа без дрва за греење!

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2012 11:30

Добивај вести на Viber

Нема поевтини дрва за социјалците. Во моментов, складовите на Македонски шуми низ Скопје се празни. Иако дрвата официјално се поефтинети и има голема побарувачка за нив, нив речиси и да ги нема.Вработени во складовите, неофицијално признаваат оти мака мачат како да ги испорачаат преземените обврски. Во моментов во прашање е доведена и испораката на дрвата што пензионерите ги платиле уште од почетокот на годинава. Причината за ова е што пристапот до шумите е отежнат по последните врнежи од дожд. Проблем за испорака на дрва ќе има и со социјалците за кои огревното дрво по одлука на владата е поефтино за цели 20 отсто. Досега според неофицијални податоци на Алсат М, од складовите во Скопје само 70 метри кубни дрва се продадени на социјални случаи. Побаравме став од првиот човек на Македонски шуми Жарко Караџоски, дали социјалците и пензионерите зимава ќе ја поминат без дрва, тој не даде одговор, иако складовите се празни. Во складовите сега може да се најдат само дрва од пониска, втора класа. Од владата велат дека немаат информација каква е состојбата на терен но потврдија дека од Македонски шуми мора да ја почитуваат владината одлука. „Владата на владина седница донесе одлука за намалување на огревното дрво за 10 отсто за сите и 20 отсто за социјалните случаи. Од Македонски шуми ја прифатија одлуката и тие треба да ја спроведуваат. Јавното претпријатије Македонски шуми треба да даде информација како се спроведува оваа одлука“, вели Мухамед Хоџа портпарол на владата. Како што дознава Алсат – М, најверојатно на една од следните владини седници, Владата ќе побара очет од Караџовски за тоа како се спроведува владината одлука за продажба на поевтино огревно дрво која стапи на сила од септември годинава. Со новите цени што ги утврди владата буково дрво за физичките лица требаше да биде 2,133 денари, а за дабот 2,205 денари. Социјалните случаи пак дабот би требало да го платат по цена од 1,976 денари, а буката 1,870 денари. Физичките лица кои ќе имаат среќа да најдат дрва од оваа институција ќе може да купат количини колку што сакаат. Социјалните семејства пак од поефтините дрва може да купат само шет кубни метри. Се над таа кубикажа ќе треба да платат по редовна цена.   Новинар, Верица Павлоска, АЛСАТ- М

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември