18 Декември, 2025
0.0539

Зимата нов предизвик за ЕВН Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2014 14:46

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија ги заврши подготовките за претстојната грејна сезона и е подготвена за предизвиците кои ги носи зимата, соопштија од компанијата. „Сигурното и навремено снабдување на корисниците со електрична енергија е главната цел на компанијата. Затоа севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции.  Целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а за полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава“, се вели во соопштението. Од почетокот на годината досега направена е инспекција на 13.000 км дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7.000  трафостаници во земјава. Направена е интервенција на сите забележани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 120 км среднонапонска и на 110 км нисконапонска мрежа. Заменети се над 1.500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1.700 делумно оштетени столбови. Коригирано е заземјувањето на 170 столбa од среднонапонската мрежа и на 30 трафостаници ТС 10(20)/0,4 кВ, а направени се и сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа. Годинава е изградена нова надземна и подземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во вкупна должина од 140 км. ЕВН на располагање ги става и специјализирани возила за зимски услови и возилата за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема кои ќе бидат распоредени низ сите поголеми центри во земјава со што на располагање е ставена целата механизација. Околу 50 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции после работното време, а уште 650 може дополнително да се ангажираат. Се е подготвено за успешно справување со предизвиците на зимата но останува и натаму апелот за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на електричната енергија, нагласуваат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!