18 Декември, 2025
0.0600

ЖИТЕЛ НА ПЕШТАЛЕВО ВОЗЕЛ ВО ТОЛПА НАРОД ВО СЕКИРЦИ - Инцидент на одбележување на празникот Спасовден (Видео)

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2023 19:12

Добивај вести на Viber

Синоќа имало инцидент во селот Секирци при што жител од селото Пешталево сакал да вози во толпа народ. 

Како што објавува МВР во нивното штуро соопштение, лицето со своето возило тргнало кон топлата, но автомобилот му застанал. 

На 25.05.2023 околу 19:00 часот во с.Секирци полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б. (35) од с. Пешталево. Тој управувајќи го своето патничко возило „поло“ тргнал кон група луѓе кои биле собрани на среде селото, но бидејќи возилото се изгаснало, тоа сопрело, а повредени лица нема. Ф.Б. се обидел да избега, но бил спречен, а подоцна и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок - пишува во билтенот на МВР.

Но, за разлика од соопштението на МВР, локалните медиуми јавуваат дека станува збор за тежок инцидент, во кој возачот во алкохолизирана состојба возел кон и низ насобраната топла, за среќа луѓето успеале да избегаат од залетаниот автомобил. 

Како што објавува „Маркукуле“, инцидентот се случил за време на одбележување на славата Спасовден, кога голем број жители од Секирци и околните долненски села биле собрани на прослава, кога од нигде никаде дошол извесен Фикрет од село Пешталево и според кажувањето на мештаните, лудувал со автомобилот, а насобраните луѓе бегале да спасат жива глава.

Меѓу насобраните жители имало и дваесетина дечиња, кои преплашени од разбеснетиот возач бегале и плачеле. После тоа организаторите на прославата повикале полиција, а пијаниот возач направил инцидент и пред полициските службеници, удирајќи еден од организаторите со тупаница, на што според кажувањето на присутните, униформираните лица не реагирале.



Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери