26 Ноември, 2024
0.0344

ЖИТЕЛИ НА МАВРОВО – РОСТУШЕ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ: Се нишаа бандери, објектите се поместуваа, ќерамидите скокаа

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Имам 46 години и досега вакво нешто не сум видел, вели Александар Костиќ, претседател на месната заедница во селото Галичник.

Раскажува дека глетката била страшна при двата земјотреси со јачина од 4.9 степени, но за среќа траеле кратко, и нема поглеми штети. Дополнително имало и повеќе афтершокови.

„Тоа е нешто што прв пат го доживеавме. За среќа беше кратко и траеше неколку секунди. Се нишаа бандери, објектите се поместуваа, ќерамидите скокаа. Луѓето создадоа врева. Има мали штети кај постарите и габаритни куќи. Некои од нив имаат и повеќе од 100 години. Онаму каде имало пукнатини тие се прошириле. Имало пукнати стакла од прозорци, искршени чаши внатре, поместен мебел од земјотресот, паднати плочки во бањите. Кога се случи земјотресот имаше и туристи кои се затекнаа на местото и се чудеа што се случува. Вакво нешто на отворен простор досега не сме виделе. Водата беше заматена, но ни беше објаснето дека за 2-3 дена ќе се прочисти и дека е тоа природен процес“, вели Костиќ.

Тој додава дека на патот Галичник – Маврово имало одрон кој е расчистен и сообраќајот се одвива непречено.

Слично е и во другите села во истата општина.

„Мали штети има во две куќи, во една куќа паднал оџак, а и по викендиците има мали напукнувања. Земјотрес од 5 степени не е малку и вакво нешто ние досега не сме виделе“, рече Чеде Анастасиевски, претседател на месната заедница во селото Никифорово.

Дарко Дамјановски од селото Маврово раскажува дека 15-тина објекти имаат мали штети од потресите кои деновиве се случија.

„Има оштетувања на постарите куќи. Луѓето се исплашија и нормално е да реагираат при силен земјотрес“, додава тој.

Од Општината Маврово – Ростуше ќе направат увид на терен.

На 11 ноември имаше две потреси од 4.9 степени во околината на Маврово.

Потоа имаше серија послаби потреси. Слаби земјотреси ги стресоа Центар Жупа, Дебар и Ростуше.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик