26 Април, 2024
0.0272

Жито Лукс со вредна донација го одбележува 70годишниот јубилеј

Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Спирометри и инхалатори за Детската клиника и апарат за рано откривање на туберкулоза за Институтот за белодробни заболувања кај децатаво Козле, е најновата донација од Жито Лукс. Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, крајот на мината година го одбележа70годишниот јубилеј, а средствата ги пренасочи во оваа вредна донација.

Идејата за одбележување на јубилејот со донација беше едногласно прифатена и поздравена од целиот колектив. Одлучувачки фактор за намена на средствата беше актуелниот период во кој се соочуваме со зголемена појава на респираторни инфекции, а особено фактот дека децата најмногу страдаат од истите. Затоа решивме да придонесеме за обезбедување на медицинската опрема што недостига на детските оддели на двете институции во Скопје, а нејзината примена е токму за превенирање и лечење на на тие инфекции“, изјави Лидија Трајковска Ристевска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

За Клиниката за детски болести, Жито Лукс донира инхалатори и спирометри, дијагностички апарати за рана детекција на респираторните заболувања кај децата како и можност од алергиски компликации.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, дневно се прегледуваат и по триста деца, а многу од нив дури и неколку месечни бебиња се хоспитализираат со бронхитис и други акутни респираторни инфекции. Донираниот апарат ќе помогне во рана детекција на патогени и туберкулозни бактерии.

Водени од компаниската филозофија и општествено одговорна компонента во својата стратегија, Жито Лукс во континуитет спроведуваат донаторски кампањи со што се истакнува како компанија со активен и ангажиран однос во заедницата. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет