Живко Мукаетов лично ја дочека кадетската репрезентација по успехот во Рига
Објавено во: Мои пари 16 Август, 2022 12:49
Живко Мукаетов, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, лично ја дочека кадетската репрезентација на Македонија за да и го честита успехот за освоениот ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија.
Македонија во финалето триумфираше против Швајцарија. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ одиграа убедлив турнир, без пораз дојдоа до златото, а со тоа си обезбедија пласман на Европско и Светско првенство.
Репрезентацијата по враќањето во Македонија имаа свечен прием во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Според Мукаетов, кадетите се репрезентација која ветува, па во иднина може да се очекува дел од овие играчи да дојдат и во сениорскиот состав.
Со освоеното прво место на шампионатот, Македонија директно се пласираше на младинското ЕП во 2024 година и кадетското СП 2023 година.
ПР Објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




