20 Декември, 2025
0.0405

Живот полн со предизвици, параплегичарите во потрага по внимание и помош

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2018 09:55

Добивај вести на Viber

Гоце Миновски од Скопје во 2007 година  добил параплегија, моторна парализа на долните екстремитети. Тогаш имал 34 години. Преку ноќ животот му се променил во целост. Од продуктивен економист станал врзан за инвалидска количка. Во почетокот почнал да ги губи моторичките и сензибилните функции на делови на телото  за на крај да заврши во  количка. Тоа вели за него било голем  шок, не можел да се помири со фактот дека неговиот живот ќе се сведе на како што вели “вегетирање”.  Западнал во депресија. Иако членовите на неговото семејство биле постојано покрај него, болката и неверувањето  не се намалувале.

“Не можев да  поверувам зошто мене ми се случија овие работи. Со божја помош и за моја среќа набрзо преку пријателства успеав да се оперирам  со високо софистицирана апаратура надвор од земјава. После таа операција малку ми се врати надежта и полека почнаа да се враќаат дел од моторичките функции. Денес сум сеуште параплегичар и зависен од инвалидската количка, но живеам достоинствено и се обидувам да ги завршам барем личните потреби самостојно. Се борам и им помагам на другите како да ја постигнат целта  и да излезат од депресијата која ги контаминира во затворен простор полн со предрасуди и безизлезност”- раскажува Гоце.

Тој е претседател  на огранокот Параплегија и квадриплегија  при Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија- “Мобилност”но е и  активен член за правата на параплегичарите.  Татко  е на три малолетни деца. Токму потребата да биде силен дел и поддршка во нивниот живот го натерале да стане борец. Животот вели е секојдневна борба.  Лицата со попреченост  според него не треба да го запоставуваат социјалниот живот,  треба да размислуваат како активно да го продолжат животот без пречки и ограничувања. Бариерите како што вели потекнуваат од  размислувањата, општеството и опкружувањето. Дополнителен проблем се урбаните бариери, недоволно пристапни места за лицата со инвалидност. Не помал проблем е вработувањето за што вели мора да се преземат конкретни и брзи чекори.

“Како претседател на здружението  и параплегичар апелирам до сите институции кои се мошне битни за животот на лицата со попреченост  (здравствените , социјалните власти, економистите, образовните институции и секторот урбанизам) да ја согледаат нашата мака и потреба, да го подигнат нивото на дејствување кон нашите реални потреби. Потребни се поредовни рехабилитации, физикални терапии, минимум два пати годишно бањско лекување, соодветни и квалитетни помагала, пристапност до институциите, социјална едукација. Преку воспоставување на пристојно и флексибилно секојдневие кон нас и ние сакаме  да вратиме кон општеството со нашата верба и моќ дека знаеме и умееме да го искористиме она со кое располагаме и да бидеме делумно продуктивни за взаемно добро”- додава Гоце Миновски.

Неговата животна судбина је делат стотици лица кои боледуваат од параплегија. Но скоро сите се со иста желба, не сакаат сожалување ниту милостина, туку можност физичкиот хендикеп да го надокнадат со својот интелектуален капацитет кој ќе ги направи рамноправни чинители во општествените кругови. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки