ЖИВОТОТ МУ ГО НАПРАВИЛЕ ПОЛЕСЕН: Коѕијас се заблагодари на Димитров и останатите по средбата во вила Билјана
Објавено во: Македонија 12 Април, 2018 13:42
Никос Коѕијас, шефот на грчката дипломатија, му се заблагодари на својот колега, Никола Димитров, за гостопримството во охридската вила Билјана.
Дипломатите на двете земји денеска имаа средба во таа вила.
Коѕијас полн благодарност им кажа фала и на преведувачите кои асистирале во средбата, бидејќи, рече, им го направиле животот полесен.
-Да му се заблагодарам на мојот пријател Никола за извонредното гостопримство, бидејќи секогаш кога се среќаваме дискутираме за тешки прашања и освен темите кои ги решаваме добиваме и меѓусебно разбирање. Ќе се сретнеме во наредниот период, сигурно е дека ќе се сретнеме на 3 и 4 мај во Солун, а исто така ќе се сретнеме на 11 и 12 мај и таму ќе дискутираме иднината на Европа. Да изразам благодарност на дипломатите на двете земји, во кои разговори забележуваме напредок, посебно во рамката на заедничка соработка, но и на тешкото прашање кое се однесува на иредентизмот. Како што се доближуваме и ги решаваме нашите проблеми, остануваат помалку теми за решавање. Направивме позитивен чекор денеска и секогаш се надеваме дека ќе успееме и најтешките проблеми да ги направиме полесни. Секако бевеме соочени со големите и тешки проблеми, се обидуваме да решаваме проблеми кои се однесуваат на минатото и се предизвикани од други, но тоа е работата на дипломатијата – рече Коѕијас.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




