Добивај вести на Viber
Битолскиот земјоделски комбинат „ЗК Пелагонија“ лани оствари нето добивка од два милиони евра или 124 милиони денари,што претставува пад од 54% споредено со 270 милиони денари или 4,4 милиони евра остварени во 2011 година, покажува финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонската берза.
Според билансот на успех, комбинатот бележи пад на продажбата од 11% на вкупно 908,5 милиони денари или 14,8 милиони евра.
Вкупните оперативни приходи на „ЗК Пелагонија“ во 2012 година изнесуваат 18,8 милиони евра или 1,15 милијарди денари, што е намалување за 5,7% споредено со претходната година.
Според финансискиот извештај комбинатот бележи пад и кај останатите приходи од финансирање за 25% до износот од 67,8 милиони денари.