Златко Муцунски, „Порше“: Автомобилскиот бизнис во Македонија спирално се движи надолу!
Објавено во: Економија 28 Јули, 2013 08:07
Продажбата на автомобили е намалена, куповната моќ на граѓаните е кревка. Автомобилскиот бизнис во земјава поминува низ еден од најтешките периоди – вели во ексклузивно интервју за “Фактор“ Златко Муцунски, директор на “Порше – Македонија“. Компанијата “Порше – Македонија“ сепак успева да се справи со кризата – нудејќи им на клиентите нови софистицирани возила, вели Муцунски во интервјуто, кое интегрално ќе го емитуваме утре.
ФАКТОР: Како ја оценувате состојбата во автомобилскиот бизнис во земјава?
МУЦУНСКИ : Состојбата во автомобилскиот бизнис веќе неколку години е непроменета. Истата продолжува спирално да се движи надолу. Верувам дека овој период во историјата ќе биде забележан како најнеповолен период за автомобилската индустрија. Куповната моќ на граѓаните и ликвидноста на компаниите е сеуште сериозно погодена од економската криза и автомобилскиот бизнис се бори да опстои. Она што нас не радува е што во оваа неповолна ситуација ние успеавме да ги детектираме нашите слаби страни, да ги поправиме, и сплотени и силни да застанеме пред нашите клиенти и да им помогнеме да дојдат до нов автомобил. Бидејки во услови на криза , на граѓаните и компаниите им е уште повеќе потребна мобилност, а ние им нудиме соодветни финансиски инструменти за да им го овозможиме тоа.
Целосното интервју со првиот човек на „Порше Македониија“ во кое тој зборува и за начините и можностите за излезот од кризата ќе го објавиме во текот на утрешниот ден.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




