28 Септември, 2024
0.0276

„Златна треска“ за нафтата во Иран

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Трката за некои од највредните нафтени и гасни средства во светот е во полн замав, откако претходно оваа година беа тргнати санкциите против Иран. 

Историската зделка го отвори патот на земјата кон обновување на изгубениот производствен капацитет и битка за удел, коментира CNBC. Ако се оди според планот, Техеран ќе привлече нови нафтени и гасни инвестиции за околу 200 милијарди долари, но патот кон оваа цел е исполнет со пречки. Во октомври националната нафтена компанија National Iranian Oil Company (NIOC) започна да прима барања од странски компании за 50 нафтени и гасни проекти во земјата. Иако не се познати дополнителни детали, станува збор за трансакции на европските гиганти Royal Dutch Shell, француската Total и италијанската Eni, како и на руски и кинески компании, соопшти NIOC.

Компании  со седиште во САД  немаат право да се вклучат поради американските санкции против Иран.

Влоговите се високи. Иран е дом на четвртите по големина резерви на сурова нафта во светот и вторите по големина на природен гас. Поголемиот дел од овие наоѓалишта се релативно лесни за добивање. Енергетските резерви на земјата се зачудувачки: 158 милијарди барели нафта и 1,2 трилиони кубни метри природен гас.




Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија