Златни медали за „Tikveš Châteaux & Domaines“ од реномираниот француски магазин „Terre de vins“
Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2024 12:30
Две вина на „Tikveš Châteaux & Domaines“ освоија златни медали на натпреварот што го организира реномираниот француски магазин „Terre de vins“ (Земја на виното). Во конкуренција од речиси 2.000 вина, претежно од Франција, искусните оценувачи, меѓу кои сомелиери, вински трговци, енолози, увозници и сл., им доделија златен медал на белото вино „Fontaine du Sud 2023“ и на розе виното „Mistral au Jardin 2023“.
Овие две вина се произведени во француската винарница „Château de Gourdon“, која е дел од „Tikveš Châteaux & Domaines“. „Château de Gourdon“ е сместенa во долината на реката Рона, кој е еден од најпознатите вински региони во Франција.
„Terre de vins“ е водечки магазин во Франција во областа на виното, винскиот туризам и уметноста на живеењето. Тој е наменет за вински професионалци, но и за љубителите на виното и претставува своевиден водич за винската индустрија. Мисијата на магазинот е да обезбеди врска меѓу производителите на вино и потрошувачите, при што наградите доделени на натпреварот што го организира списанието претставуваат препорака и значаен фактор за позиционирање на виното на францускиот пазар.
Наградените вина се резултат на експертизата и работата на енолошките тимови на „Тиквеш“ и „Château de Gourdon“, кои целосно го контролираат нивното создавање и кои овозможија вината произведени во француската винарница да станат носители на високи награди на влијателни вински натпревари.
Врвниот квалитет на овие вина во повеќе наврати беше потврден на престижните натпреварувања како: „Mundus Vini Summer Tasting“, „Decanter World Wine Awards“, „China Wine & Spirits“, „Concours Mondial de Bruxelles“ и други.
„Tikveš Châteaux&Domaines“ е една од најнаградуваните винарници, која на годишно ниво освојува над 100 награди и признанија на значајни меѓународни вински натпревари.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“
„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници




