ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО СВЕТОТ: Некои земји ги зголемија, а други ги намалија
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2025
На крајот на септември 2024 година, девизните средства на светските централни банки изнесуваа 14,3 билиони долари, а во 2023 година изнесувала 12,9 билиони долари. Најголеми резерви на злато имаат Кина, Швајцарија и Индија.
Кина ги зголеми златните и девизните средства за 263,3 милијарди долари. На второ место е Швајцарија со пораст на резервите за 131,9 милијарди, а трета е Индија со 118,1 милијарди долари.
Во изминатата година резервите на Германија се зголемија за 67,2 милијарди долари, на Франција за 66,1 милијарди долари, а на Русија за 64,7 милијарди долари.
Во првите десет се и Сингапур со пораст од 52,4 милијарди долари, Полска со 38,8 милијарди долари и Бразил со 31,7 милијарди долари.
Други дваесет регулатори, вклучувајќи ги централните банки на Турција, Јапонија и Мексико, ги зголемија своите средства за 10 милијарди долари до 30 милијарди долари, додека останатите седумдесет забележаа зголемување до 10 милијарди долари.
Но, секој десетти финансиски регулатор бележи намалување на своите резерви. Најмногу се намалени во Бангладеш – за 2 милијарди долари, во Доминиканската Република за 1,4 милијарди долари и во Украина за 820 милиони долари.
Девизните средства се намалени во Парагвај, Естонија, Кувајт, Грузија, Ерменија, Уганда и Бахамите.