ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која валута го поттикна растот на цената?
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2023 17:45
Цената на златото е на шестмесечен максимум.
Сега се тргува за повеќе од 2.000 долари за унца. Податоците на берзата покажуваат дека цената на златото во 11 часот изнесувала 2.012,16 долари за унца.
Како што пренесува CnbcTV18, златото поскапе првенствено поради слабеењето на доларот затоа што трговците веруваат дека американската централна банка, ФЕД, нема да ги зголеми каматните стапки во САД и дека тие веќе го поминале својот врв.
Најголеми светски производители на злато се Кина, Австралија, САД, Јужна Африка, Русија, Перу и Индонезија, пишува Trading Economics.
Најмногу злато купуваат Индија, Кина, САД, Турција, Саудиска Арабија, Русија и Обединетите Арапски Емирати.
На Балканот, Србија има најмногу злато, а зад неа е Македонија.Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




