Злоупотреба на ученици во Прилеп, директор ги тера на протест-тие бараат настава!
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 12:43
Видео снимка од наводна злоупотреба на ученици да одат на протест кружи на социјалните мрежи.
Имено, на снимката која директно ја пласираа во јавност ученици, се слуша како директорот им држи политички говор на учениците и ги убедува да одат на протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија.
Дел од медиумите пренесоа дека агитирач во случајот е директорот на прилепската гимназија Мирче Ацев.
Во говорот тој учениците ги убедува да учествуваат во протестите зошто ќе се воведела двојазичност, менување на химна, менување на знамето и воведување албански монети.
Додека трае говорот ученици го снимаат директорот, а набрзо тој се соочи и со возвратен удар.
Се слуша како ученичка му вели дека е уште поголема срамота што во образовна институција им држат политички говори. Учениците велат дека не сакаат да одат на протестот туку да се одржи наставата.
Ова не е прв обид да се убедуваат ученици да одат на протести. Вакви случаи имаше и во скопски гимназии.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




