ЗМИЈА КАСНА ПЕДЕСЕТ ГОДИШЕН МАЖ ВО СКОПЈЕ: надлежните апелираат „бидете особено внимателни кога шетате во природа“
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024 09:29
Педесет годишен маж од Скопје е каснат од змија во селото Идризово, каде престојувал, по што со Итната медицинска помош бил пренесен на Инфективната клиника за понатамошно лекување.
Докторите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни летово бидејќи има повеќе дојави за видени змии низ градските средини.
Како што информираат од Итната медицинска помош во Скопје во вторникот е евидентиран првиот случај на каснување од змија.
Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор за маж на околу 50-тина години кој престојувал во Идризово.
- Со возило на Брза помош, лицето е пренесено на лекување до Инфективната клиника во Скопје, каде е оставено за понатамошен третман и опсервација, вели Панов.
Апелира граѓаните да внимаваат каде се движат при престој во природа и да носат соодветна облека со цел да се заштитат од змии.
Панов вели дека е зголемен бројот на интервенции на Итната медицинска помош.
- Периодов имаме зголемен број сообраќајни незгоди, повреди по паѓање од тротинети, зголемен број повици за колапси на јавни места поради летните горештини. Работиме со намален капацитет, им се дава предност на најургентните состојби, посочува Панов.
Од ЦУК изминатите денови информираа за пријави за змии во повеќе населени места и препорачуваат внимателно движење особено во природа. Нагласуваат дека нема специјализирана служба за заловување и безбедно отстранување на змии.
- Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, пожелно е да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област, да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места, велат од ЦУК.
Во јуни, змии беа видени во повеќе населени места.
- Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена - не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да се информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не, нагласуваат од ЦУК.
По пријава за змија на улица во Прилеп периодов, интервенирано беше од страна на Територијалната противпожарна единица. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.
Фото: Принтскрин/МИАМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




