ЗНМ: Денеска е последен ден за пријавување за пакетите за заштита
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020 16:55
Денеска е последниот ден за пријавување за доделување на пакетите за поголема заштита на новинарите и медиумските работници кои ги подготвија Здружението на новинарите на Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во услови на глобална пандемија од исклучително значење за ЗНМ, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, но и за пошироката јавност е да имаме квалитетни и навремени информации. Сметаме дека заштитната опрема ќе помогне за остварување на таа цел, која не би била возможна без добро заштитени новинари и медиумски работници.
Во таа насока подготвени се два вида на пакети. Првиот, кој е малку пообемен и е наменет за националните медиуми кои имаат поголеми редакции и вториот кој е наменет за медиуми со помал број на вработени. Со цел правилна распределба на пакетите, односно доделување на заштитна опрема на новинарите и медиумските работници кои секојдневно работат на терен, треба само да ни испратите порака на електронска пошта ( vkostovska@znm.org.mk; contact@znm.org.mk) и во неa да се наведе:
- Името на медиумот
- Вид на медиумот (телевизија, радио, весник, интернет портал)
- Вкупен број на вработени во медиумот
- Официјална адреса на медиумот (каде ќе ви бидат доставени пакетите)
Со оглед на тоа што располагаме со ограничена количина на пакети, принципот на добивање на истите е прв пријавен – прв услужен. Исто така, поради големиот број на медиуми укажуваме дека секој медиум ќе може да добие не повеќе од еден пакет. Освен тоа, апелираме до медиумите кои веќе обезбедиле соодветна заштита за своите вработени или нивната работа не вклучува известување од терен да не аплицираат за добивање на пакети, бидејќи на тој начин може некој од колегите што секојдневно се изложени на ризик да не бидат соодветно заштитени.
Истовремено, ве информираме дека доставата на пакетите ќе се врши исклучиво на адресата на медиумот за што потребно е да делегирате и лице за контакт со негов мејл и мобилен телефон.
Поради итноста на ситуацијата во која се наоѓаме, последен рок за аплицирање е денес 06.04.2020 (понеделник), а барањето потребно е да го испратите на Верче Костовска (vkostovska@znm.org.mk) и на основната електронска адреса на ЗНМ (contact@znm.org.mk) со предмет: Пакет за заштита на новинари и медиумски работници.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





