ЗНМ: Посакуваме брзо оздравување на колегата Михајлоски и бараме безбедни услови за работа на новинарите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Април, 2020 19:00
Здружението на новинарите на Македонија со загриженост ја прими информацијата дека уредникот на националната телевизија „Канал 5“, Гоце Михајлоски, е позитивен на коронавирусот.
„На колегата Михајлоски му посакуваме брзо закрепнување, да истрае во борбата со болеста и набргу да се врати на своето работно место. Поттикнати од некои неодговорни објави пред се на социјалните мрежи, ЗНМ апелира да не се стигматизираат новинарите и медиумските работници кое се заразени или за кои постои сомнеж дека се носители на коронавирусот. Потсетуваме дека говорот на омраза и повиците за насилство се казниви дела без разлика дали истите се присутни на традиционалните медиуми или пак на социјалните мрежи. Освен ова, повторно укажуваме дека голем дел од новинарите и медиумските работници, поради природата на нивната работа се повеќе изложени на контакти со луѓе а тоа ги прави и да бидат повеќе ранливи за зараза со коронавирусот. Затоа од апсолутна важност за нивната лична безбедност, безбедноста на лицата со кои се во контакт новинарите и медиумските работници да имаат обезбедено услови и средства за работа од страна на сопствениците и менаџерите на медиумите преку кои ќе се намали ризикот на зараза“, стои во реакцијата од ЗНМ.
Во време кога квалитетното новинарство може да спаси животи, од исклучително значење е да имаме точни и навремени информации.
„За да биде тоа возможно, медиумските работници потребно е да бидат максимално заштитени во своите редакции, но и кога известуваат од терен. Потсетуваме на „Насоките за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“ кои ЗНМ и СЕММ ги објавија неодамна каде се опишани стандардите за безбедно и професионално известување во услови на пандемија“, додаваат од ЗНМ.
Михајловски е позитивен на Ковид 19. Се инфицирал од лице од Прилеп.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





