Зошто биткоинот е подобар од златото и од доларот?
Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2017 11:12
Биткоинот е подобар од златото и од американскиот долар, тврди Стив Вознијак, ко-основачот на Епл.
Вознијак говореше на конференцијата Money 20/20 во Лас Вегас каде што кажа дека тоа што ќе има ограничен и однапред познат број на биткоини ја прави валутата стабилна.
Според него, Владата може да одлучи да испечати повеќе пари поради политички причини поради што американскиот долар го нарече „лажен“, додека за Биткоинот рече дека е вистински и реален.
Тој додаде дека и златото не мора да значи дека има конечна сума, затоа што луѓето откриваат нови начини за ископување.
„Златото се ископува и ископува. Можеби постои конечна сума на злато во светот, но кај биткоинот тоа е јасно математички регулирано, а никој не може да ја промени математиката“ - вели Вознијак.
Додава дека за него биткоинот е интересен од технолошката и математичката гледна точка, а не од неговата финансиска страна, иако беше еден од првите кои го оценија биткоинот како валута.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





