20 Април, 2024
0.0255

Зошто Ципрас ќе си го чува Каменос во коалициска прегратка?

Објавено во: Анализа 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е принуден да ја одржува коалицијата со десничарската партија Независни Грци и нејзниниот политичкио неук лидер, Панос Каменос, кој исто така ја врши функцијата министер за одбрана. По голем број на јавни несогласувања, Ципрас и Каменос, мораа да се сретнат за да покажат дека владината коалиција и натаму е обединета и дека нема никаков простор за распаѓање на и онака кревкото парламентарно мнозинство.

Каменос е проблематичен за владата на Ципрас од неколку аспекти. Тука прво секако е „македонското прашање“. Каменос долго време одбива да прифати дека во евентуалното компромисно решение ќе биде состоен терминот „Македонија“ и ја продолжува националистичката реторика со цел неговата партија Независни Грци да го крене рејтингот бидејќи со ваква положба нема шанси да добие ниту едно пратеничко место на следните парламентарни избори. Министерот за одбрана на повеќе наврати ги поткопа обидите на премиерот Ципрас да креира политичка атмосфера за конечно решавање на спорот за името за постојано да се занимава со мегаломанска и нереална националистичка реторика.

Сепак, грчката јавност многу повеќе е загрижена за состојбата на двајцата грчки војници кои завршија на турска територија по што беа приведени. Каменос пламна во јавноста и кажа дека војниците биле заложници на Турција со што ја влоши преговарачката позиција на Грција и внесе непотребна драма, паника и омраза. Сега, Ципрас се обидува да упати пораки со смирен тон и за разумно решение за состојбата на двајцата грчки војници, па затоа мораше и да го „седне“ Каменост кој токму го води секторот одбрана.

Јасно е кажано дека коалицијата меѓу Сириза и Независни Грци ќе се одржи до самите нови избори бидејќи во спротивно Ципрас и реално нема други потенцијални коалициони партнери со кои ќе соработува, ниту пак со кои ќе формира влада на следните избори според расположливите анкети. Ципрас треба да се надева дека левицата вкупно ќе добие повеќе гласови за заедничка влада со социјалистите, комунистите и анархистите, наспроти десницата која предводена од Неа Демократија е во подем, а сигурни места во парламентот во Атина има и за неофашистичката Златна зора. 

Тоа на долг рок дава значително лоши сигнали за Македонија доколку сега не се реши спорот за името со една грчка влада предводена од колку толку поразумна левичарска партија, бидејќи со Неа Демократија и Златна зора може само да замислиме колку лоши ќе бидат односите и атмосферата. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!