02 Декември, 2024
0.0248

Зошто да НЕ купувате зелка во Охрид, јајца во Скопје, а сирење во Струмица!?

Објавено во: Агробизнис 16 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Во октомври годинава земјоделските производи најскапо се продавале во Охрид. Иако цените на мало на земјоделските производи, во зависност од сезоната се менуваат, последните податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека токму во октомври на топ листата на првите пет места за највисоки цени се Охрид, Битола, Куманово, Скопје и Штип. Струмица, Велес и Тетово се во групата на градови каде што цените на земјоделските производи по  продавниците и пазарите се пониски. Зачудува и фактот што некои земјоделски производи што се карактеристични за еден град токму во истиот се продаваат по повисока цена, а во другите по пониски цени. Така просечната цена на гравот во октомври била близу 152 денари за килограм. Иако тетовскиот грав е надалеку познат, а тоа се должи климатските и почвените услови во тетовскиот регион, сепак во Тетово гравот се продавал по цена од 150,5 денари за килограм, односно поскапо од Штип каде цената била 127 денари за килограм и од Струмица. Највисока цена близу 185 денари за килограм гравот достигнал во Охрид, потоа 170 денари во Куманово, во Битола 165 денари, а во Скопје цената на гравот била близу 151 денар за килограм. Зеленчукот најскап во Куманово и Охрид      Цените на зеленчукот во октомври оваа година биле највисоки во Охрид, Штип, Битола и Куманово. Така килограм моркови во Охрид во октомври чинеле 43,5 денари за килограм, што е повеќе од просечната цена која на ниво на Македонија пред два месеци била 33,25 денари за килограм. Во Куманово морковите се продавале по цена од 34,7 денари за килограм, потоа следи Битола со 34,3 денари. Најниска цена овој земјоделски производ имал во Тетово, Скопје и Струмица. Слична е состојбата и со слатката зелка, кромидот и брокулата. Во Охрид килограм кромид чинел 28 денари, по оваа цена се продавал и во Куманово и Битола. Најевтин бил во Велес близу 23 денари за килограм, во Штип, Тетово а во главниот град неговата цена изнесувала 26, 4 денари за килограм. Лидер во највисока цена за слатка зелка повторно е Охрид, а Струмица го има првото место за најевтина слатка зелка, само 17,3 денари за килограм. Состојбата е промената со цената на брокулата. Овој зеленчук во октомври најскапо чинел во Штип, близу 100 денари за килограм, Куманово со близу 98 денари е на второто место, потоа Скопје со 94 денари, а најевтина, брокулата била во Битола и тоа 55,2 денари за килограм. Просечната цена на компирот на ниво на Македонија, во откомрви била 29,5 денари за килограм. Најскапо близу 31 денар за килограм се продавал во Струмица, потоа следи Куманово со 33,2 денари за килограм, 33,5 денари во Тетово, во Охрид 30,25 денари и во Скопје компирот бил 27,29 денари за килограм. Кој јадел најевтино овошје? Во октомври просечната цена на јаболката на ниво на Македонија изнесувала 45 денари за килограм. Според статистичките податоци, скопјани во октомври јаделе најевтини јаболка за само 39 денари за килограм. Цената на ова овошје била највисока во Охрид дури 56,2 денари за килограм. Не само јаболката во Скопје во октомври најевтини биле и лимоните, 65 денари за килограм. Кумановчани според статистиката плаќале најскапо за килограм лимони дури 98,4 денари. Со слични цени за ова овошје следуваат Штип, Струмица, Велес, Битола, Тетово. Во Струмица најскапо сирењето, во Скопје јајцата   Цените на млечните производи, ги променија местата на најскапи градови. Статистичките податоци покажуваат дека во октомври сирењето било најскапо во Струмица, односно близу 292 денари за килограм и во Велес близу 275 денари за килограм. Најниска цена сирењето имало во Тетово околу 257 денари за килограм, слично и во Скопје, Битола, Штип. Куманово со 391 денар за килограм е лидер во цената на кашкавалот, зад него е Охрид каде кашкавалот во октомври чинел 387 денари, а најевтин и под просечната цена на ниво на Македонија, бил во Скопје и Струмица, околу 365 денари за килограм.  Литар кравјо млеко најскапо се продавало во Охрид и Скопје близу 41 денари за килограм. Најевтино односно близу 34 денари за литар млекото чинело во Тетово, а по слична цена се продавало во Струмица, Велес и Штип. Скопје е на прво место по најскапи јајца, близу 9 денари по парче. Јајцата биле најевтини во Струмица, Велес и Тетово. Телешкото најскапо во Тетово Килограм јунешко месо со коска во октомври најскапо, 314 денар чинело во Штип, а во Скопје 331 денар. Ова месо најевтино се продавало во Куманово 299 денари за килограм. Тетово важи за град каде во октмври цената на телешкото месо со коска била највисока, дури 470 денари за килограм, потоа со 420 денари за килограм следува Струмица па Скопје. Најниска цена телешкото имало повторно во Куманово 360 денари за килограм. Близу 300 денари за килограм во октомври изнесувала цената на свинското месо во Охрид, следуваат Струмица со близу 280 денари, Скопје 272 денари за килограм, а најевтина цена на мало имало свинското месо во Велес. Статистичките податоци покажуваат дека во Охрид цената за килограм крап во октомври била највисока, близу 260 денари, а најниска цена крапот имал во Битола 239 денари за килограм. Тетовчани плаќале и најскапо за килограм смрзнато пиле, поточно околу 193 денари, а најмалку за пилешко плаќале Велешани, 160 денари за килограм. С.Ј

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.