20 Мај, 2024
0.0312

Зошто да се апелира, а да не се затвори: Тик ток опасен за децата

Објавено во: Македонија 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

„Ако не сакаме трагедии, „Тик ток“ да се затвори, да не постои“, „Зошто апели, веднаш да се блокира таа социјална мрежа“...се само дел од коментарите на родителите по апелите да ги следат внимателно своите деца, откако стигнаа превентивни информации од Интерпол и во нашата земја .

Превенциите доаѓаат откако во Русија и Израел се забележани неколку профили на „Тик ток“ социјалната мрежа од кои се повикуваат корисниците да извршат самоубиство.

Сомневања за самоубиства поради Тик ток предизвик

Светот неодамна го потресе веста за девојчето од Италија кое починало поради Тик ток предизвик.

Јавното обвинителство во Италија започна истрага за смртта на десетгодишно девојче кое учествуваше во таканаречената „игра задушување“ на социјалната мрежа ТикТок.

Неколку часа откако се дозна за смртта на девојчето Антонела, што предизвика гнев низ цела Италија, Канцеларијата за заштита на податоците во Рим одлучи дека ТикТок, ако не може со сигурност да ја потврди возраста на корисникот, мора да ја блокира најдоцна до 15 февруари.

Иако според правилата на ТикТок, корисниците не можат да бидат помлади од 13 години, компанијата не го спречила 10-годишното девојче да прави профил, изјавија италијанските власти.

Девојчето од Палермо се заклучило во бањата и се снимало на телефон додека го затегнувало каишот од бањарката околу вратот, учествувајќи во предизвик на „ТикТок“ во кој целта била што подолго да остане без воздух, пренесоа агенциите.

Нејзината петгодишна сестра ја нашла во бесознание. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но не успеале да ја спасат.

Јавното обвинителство во Палермо започна истрага за поттикнување самоубиство.

Италијанските власти изјавија дека платформата ТикТок „нема доволно капацитет за да ги заштити малолетниците“ и ја осудија леснотијата со која децата можат да аплицираат за апликацијата.

ТикТок, платформата за споделување видеа, многу популарна кај тинејџерите ширум светот, е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Во Европа има околу 100 милиони корисници.

„Безбедноста на заедницата ТикТок е наш врвен приоритет. „Подготвени сме во секој момент да соработуваме со властите во врска со истрагата за смртта на Антонела“, изјавиле од ТикТок.

Родителите на девојчето рекоа дека не знаеле за што станува збор и дека нивната друга ќерка им рекла дека Антонела играла „игра задушување“.

Таткото на Антонела рече дека претпоставувал дека гледала кореографии за танцување и други видеа на ТикТок.

Самоубиство на момче и во Србија

Кон крајот на јануари, трагедија се случи и во Србија.

Имено, 10 годишно момче било најдено мртво во стан во Раковица, а наводно се самоубило бесејќи се играјќи го Тик ток предизвикот „Блекаут“

Неофицијалните информации од српските медиуми велат дека момчето останало само во станот, додека родителите му биле во продавница, а кога се вратиле тоа не регирало и не им ја отворало вратата при што морало да повикаат полиција и пожарникари да интервенираат.

Првичните информации беа дека до смрт најверојатно дошло случајно за време на игра, а подоцна се појавија и такви тврдења дека  детето всушност го играло предизвикот Блекаут, на социјалната мрежа Тик-ток – кажал извор од истрагата.

Овој предизвик подразбира децата да стават каиш околу вратот, го стегаат и тоа го снимаат со мобилен телефон, додека не паднат во несвест.

Можеби ќе ве интересира

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии