Зошто Данев повеќе нема да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ?
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2018 15:36
Драган Данев повеќе нема да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Данев, побарал да се повлече од функцијата координатор на пратеничката група, која ја извршуваше во Собранието. На прес - конференција денеска рече дека најверојатно повеќе нема да биде координатор на опозициските пратеници. Но, одби да да даде образложение за својата одлука.
Се очекува деновиве пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да достават известување до претседателот на Собранието, Талат Џафери дека ќе функционираат како една пратеничка група.
Тој стана координатор откако Влатко Ѓорчев само привремено седна на местото на Илија Димовски, кој се повлече по конгресот во Валандово и доаѓањето на Христијан Мицкоски на местото на Никола Груевски.Данев излезе на референдумот и гласаше „против“. Со него гласаа и пратениците, Даниела Рангелова и Крсто Јовановски.
Со новонастанатата состојба, дел од пратениците ја напуштија коалицијата на опозицијата, а други осум се исклучени затоа што гласаа за отворање на Уставот.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




