22 Септември, 2023
0.0264

Зошто е подобро што побрзо да се продаде зградата на Еуростандард банка?

Објавено во: Финансии 17 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Одложена е одлуката на третата официјална лицитација за продажба на деловната зграда на Еуростандард банка. На седницата на одборот на доверители, на која присуствуваше и стечајниот управник и надлежен судија  повторно се манифестирани нерешителност и неодлучност, изјавија дел од доверителите. Стечајниот управник заедно со судијата предложиле повторно да се прави процена на вредноста на зградата, на што се спротивставиле над 80 отсто од доверителите.

Се одолговлекува целата постапка на штета на поголемиот дел од заинтересираните страни. На предходните две лицитации се избираше најповолната понуда, но потоа постапката не се спроведуваше, односно немаше одобрување и прифаќање на понудата од страна на доверителите.

Поголемиот број од доверителите се категорични дека продажбата треба да се спроведе час поскоро. Одговорноста е на стечајниот управник и судијата да ја спроведат постапката.

Во моментов ништо не се решава. Фактичката ситуација останува иста: штедачите, доверителите, граѓаните и државата остануваат во неповолна ситуација и не се обесштетуваат. Поминува време а објектот губи од својата вредност! Повеќе од две години зградата нема сопственик и истиот не се одржува.

Ако  и третата лицитација не добие епилог, средства нема да влезат во стечајната маса и доверителите нема да добијат ништо. По закон тогаш следува постапка на т.н. прераспределба, каде секој од доверителите на хартија добива процентуален дел од вредноста на зградата, но реално не добива ништо конкретно. Односно само процентуален дел од некоја идна продажба, која реално може и никогаш да не  се случи, или ако се случи да биде по многу ниска цена.

Затоа во ваква ситуација логично се поставува прашањето дали е добро и понатаму да се одолговлекува продажбата?  Дали со ваквото однесување се поттикнува единствениот понудувач да се откаже, и во некоја блиска иднина да се појави некој нов кој за багателна цена ќе ја купи зградата, а доверителите реално да добијат многу малку.

Работите се очигледни! Потребна е реакција од надлежните институции, и поголема одговорност. А на лицитации очигледно е дека нема голем интерес.

Објектот има вкупна површина од 3.489 квадратни метри, во кои влегуваат 1.512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места. Канцеларискиот простор е само 1977 м2.  Деловната зграда на Еуростандард банка е лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, надворешно изгледа атрактивно и секако е штета да не се користи од некого. Особено што со текот на времето ако не се одржува, ќе се обезвреднува и “може да ја прегази времето”!

Можеби ќе ве интересира

ПРОГРАМЕРИТЕ УБЕДЛИВО НА ВРВОТ - Отскокнуваат од останатите плати во земјава: Еве ја листата на највисоки примања

ПРОГРАМЕРИТЕ УБЕДЛИВО НА ВРВОТ - Отскокнуваат од останатите плати во земјава: Еве ја листата на највисоки примања

АЗИСКИТЕ БЕРЗИ ВО ЗАГУБА: Доларот зајакна, цената на нафтата падна

АЗИСКИТЕ БЕРЗИ ВО ЗАГУБА: Доларот зајакна, цената на нафтата падна

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТАТА ВО ЈУЛИ 36.286 ДЕНАРИ - Поголема во споредба со минатата година, но помала од минатиот месец

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТАТА ВО ЈУЛИ 36.286 ДЕНАРИ - Поголема во споредба со минатата година, но помала од минатиот месец

ДАЛИ КРЕДИТИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ ПОСКАПАТ? - Народна банка пак ја крена каматата, сега изнесува 6,30 отсто

ДАЛИ КРЕДИТИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ ПОСКАПАТ? - Народна банка пак ја крена каматата, сега изнесува 6,30 отсто

И ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ГРЕАТ СО ВЛАДИНА ПОМОШ: Годишно само за струја и плин даваат над 3.500 евра!

И ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ГРЕАТ СО ВЛАДИНА ПОМОШ: Годишно само за струја и плин даваат над 3.500 евра!

ЕВЕ ЗОШТО НИКОЈ НЕ САКА ДА ЧИСТИ: Плата за хигиеничарка само 700 евра- дали е доволна за оваа неценета работа?

ЕВЕ ЗОШТО НИКОЈ НЕ САКА ДА ЧИСТИ: Плата за хигиеничарка само 700 евра- дали е доволна за оваа неценета работа?

„КОГА НАШИТЕ ЌЕ ВИ КАЖАТ ДЕКА ИМААТ СТАН ВО СТРАНСТВО, ПРАШАЈТЕ ГИ КОЛКУ ДОЛЖАТ“: Како до стан во Швајцарија и колкави се кириите во ветената земја

„КОГА НАШИТЕ ЌЕ ВИ КАЖАТ ДЕКА ИМААТ СТАН ВО СТРАНСТВО, ПРАШАЈТЕ ГИ КОЛКУ ДОЛЖАТ“: Како до стан во Швајцарија и колкави се кириите во ветената земја

ЗА 113 АКЦИИ НА НЛБ БАНКА ПЛАТЕНИ НАД 51 ИЛЈАДИ ЕВРА - берзанска блок трансакција

ЗА 113 АКЦИИ НА НЛБ БАНКА ПЛАТЕНИ НАД 51 ИЛЈАДИ ЕВРА - берзанска блок трансакција

ДУБАИ АСОЦИРА НА ЛУКСУЗ, АМА НУДИ ТЕЖОК ЖИВОТ: Исповед на нашинци кои се преселиле таму, платите се драстично пониски од европските!

ДУБАИ АСОЦИРА НА ЛУКСУЗ, АМА НУДИ ТЕЖОК ЖИВОТ: Исповед на нашинци кои се преселиле таму, платите се драстично пониски од европските!