Зошто „ФЕНИ“ не е на листата на најголеми должници на УЈП објавена пред 5 дена?
Објавено во: Финансии 16 Ноември, 2017 07:09
Управата за јавни приходи (УЈП) одби да одговори на прашањата на „Фактор“ во врска со информацијата што беше објавена деновиве дека „ФЕНИ Индустри“ должи над 5 милиони евра за даноци на УЈП. Оваа информација беше обелоденета од една од странките во постапката пред велешкиот суд во понеделникот кога се разгледуваше опцијата за предстечајна постапка за „ФЕНИ“.
На нашите прашања: колкав е долгот на „ФЕНИ“, во кој период е направен и по кои основи „ФЕНИ“ должи УЈП даде одговор во кој се „сокри“ зад членот 9 од Законот за даночна постапка.
Без коментари одговорот на УЈП ќе го пренесеме во целост:
„Во врска со Вашите прашања, Ве информираме дека согласно член 9 од Законот за даночна постапка, сите информации и податоци чие доставување може да има штетни последици и кое може да претставува повреда на доверливоста на даночната постапка, не се предмет на комуникација со јавноста и имаат третман на даночна тајна.“ пишува во одговорот од УЈП. Одговор побаравме и од стечајниот управник на „ФЕНИ“ кој одби да даде одговор на ова прашање.
Во оваа прилика јавно прашуваме: Зошто „ФЕНИ Индустри“ должи, а не е на листата на најголемите должници објавена на официјалната интернет страницата на УЈП www.upj.gov.mk? Кога е направен долгот на „ФЕНИ Индустри“, а го нема на листата на должници кои имаат доспеани долгови до 31 јули, а неплатени до 30 октомви годинава?
Веруваме дека УЈП ќе даде одговор зошто „ФЕНИ“ не е на листата на должници на која има повеќе од 4.000 називи на правни лица и имаиња и презимиња на македонски државјани и на странци. Листата е обајвена на 10 ноември годинава.
Јавноста има право да знае:
Дали „ФЕНИ Индустри“ е привилегиран па го нема на листата на должници? Зошто требаше јавноста да дознае од странка во предстечајната постапка дека УЈП Побарува за неплатен данок од „Фени“? За колкава сума се работи? Кога е направен долгот на „ФЕНИ“ спрема УЈП?
Очекуваме да го реализирате ветеното. Одговорно работење на најважниот генератор на државни приходи преку транспарентно работење и еднаков третман на сите!
„ФЕНИ Индустри“ е во незавидна финансиска позиција. Комапнијата должи над 60 милиони евра на доверители. Од тие пари долгот спрема три банки е околу 40 милиони евра. Неофицијално, „ФЕНИ Индустри“ за струја должи околу 5 милиони евра, спрема УЈП должи над 5 милиони евра. Повторно неофицијално, во изминатиов период сите конвертабилни залихи од стока се продадени, а со парите не се плаќани долгови. Дали затаил македонскиот државен систем за наплата на долгови и дали парите од продажба се изнесени од земјава? Зошто молчат надлежните државни органи? Како банките дозволиле „ФЕНИ“ да ги завлече 40 милиони евра?
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





