19 Декември, 2025
0.0860

Зошто Грција не гласаше со „Да“?

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 13:23

Добивај вести на Viber

Не е тешко да се види зошто Алексис Ципрас го освои референдумот во неделата со голема предност. Многу потешко сепак е да се објасни што ќе се случи сега, коментира „The Financial Times“.

Неговите противници како во Грција, така и во Европската унија (ЕУ) направија редица погрешни проценки - како помали, така и фундаментални. Три се оние кои се издвојуваат најмногу.

Најголемата грешка беа јасно договорените активности на неколку високи претставници на ЕУ, кои велат дека негативното гласање ќе доведе до „Grexit“. Еден од нив беше Зигмар Габриел, германскиот министер за економија и лидер на социјалдемократската партија. Тој дури ја повтори заканата веднаш по објавувањето на резултатите. Грците верно ги прифатија овие закани за обид за мешање во демократскиот процес на нивната земја.

Веста од минатата недела дека претставници на еврозоната се обиделе да го запрат објавувањето на последната анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за стабилноста на долгот, исто така, не помогна. Извештајот на ММФ откри дека грчката влада конечно беше во право за отпишување на долгот. Останатите земји од ЕУ создадоа впечаток дека сакаат да влијаат на референдумот и дури не се трудеа да го прикријат тоа.

Втората грешка на кампањата во полза на позитивното гласање беше неуспехот да се објасни како спасувачката програма ќе работи од економска гледна точка. Грчкиот референдум ги обедини економистите со многу различни ставови за тоа како е одржан светот, вклучувајќи го и Пол Кругман, Џефри Сакс и Ханс-Вернер Зин. Нема реномирана економска теорија, според која економијата, која поминала низ осум години криза, бара нов круг од строги мерки за да се постигне економско приспособување.

Третата огромна грешка е ароганцијата. Приврзаниците на позитивното гласање решиле дека го постигнале своето. Слично на британските лабуристите пред последните парламентарни избори тие сметаа на анкетите за јавното мислење, кои се покажаа исклучително неточни. Најмногу навредлив е аргументот дека „Grexit“ ќе доведе до економска катастрофа, иако таа  не се случила се уште. Ако си бил невработен веќе пет години, со никаква перспектива за работа, не е важно дали парите што не ги добиваш, се во евра или во драхми.

Непочитувањето на демократијата и економската неписменост не се само тактички грешки. Овие два „квалитети“ сега се останатите идеолошки базни поени на она што е останато од европскиот проект. Грција е тука за да потсети дека Европската монетарна унија, по начинот на кој е создадена, е фундаментално неодржлива. Тоа значи дека тој или треба да биде коригиран, или во даден момент ќе стигне до својот крај.

Тогаш какви се можностите понатаму? Јасно е дека постигнувањето на нов договор ќе биде уште потешко. По негативното гласање во неделата грчката влада ќе инсистира на многу поинаков договор со помалку штедење. Тоа ќе се инсистира и со право, и на отпишување на долгот, кој одговара на последните проценки на ММФ. На повеќето Германци сигурно нема да им се допадне слична зделка. Всушност веројатно единствениот начин Германија да биде принудена да учествува во преговорите за отпишување на долгот е прогласување на обврските. Нема друг начин. Тогаш сепак можноста за „Grexit“ ќе биде огромна.

Можеби најреално решение во моментов е договор што покрива само рефинансирање на грчкиот банкарски систем. Грчката влада ги објави обврските на доверителите, а тие престануваат да и даваат на Грција какви и да се пари. Ова ќе ја намали до минимум посветеноста на сите, но таквиот договор исто така е исполнет со тешкотии.

И конечно, најдобро е да не размислуваме за „Grexit“ како решение кое грчката влада може да го земе. Ова не е одлука што воопшто некој би можел да земе. „Grexit“ е она што ќе се случи кога сите други опции се исцрпени. А тие во моментов не се многу.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен