Добивај вести на Viber
На крајот од годината додека се прават сметки, проекции и планови за наредната година, ние во FXLider веруваме дека компанијата која заслужува внимание и во иднина, секако е најпопуларната друштвена мрежа Facebook.
Откако во мај изминатата година се појави на Њујоркшката берза Nasdaq, инвеститорите и политичарите почнаа да шпекулираат за тоа кога оваа друштвена мрежа ќе се приклучи, најчесто пратена од индексот на америчките акции -Standard & Poor's 500 (S&P500).Комитетот за индекси објави дека тој момент дојде и дека од 20-ти декември оваа компанија официјално ќе котира во S&P500 индексот.
И покрај лошиот почеток кога во текот на еден месец ја изгуби пола од својата вредност, Facebook после една година ги исполни барањата на S&P500 индексот. Акциите на Facebook во текот на оваа година успешно пораснаа над 86%бидејќи инвеститорите увидоа дека е една од ретките компании која е во состојба да профитира од растот на употреба на мобилен интернет. Се почестото логирање на повеќе од 1 милијарда корисници на оваа друштвена мрежа преку мобилните телефони и таблетите, како и одличноразвиениот сектор за реклами и промоции по пат на мобилните уреди, ја врати довербата на инвеститорите и значајно ја зголеми заработувачката.
Пазарната вредност на Facebook во текот на 2013 година се зголеми за повеќе од двпати и достигна вредност од 127 милијарди долари. Од друга страна Teradyne Inc. кои Facebook ќе ги замени во S&P500 индексот,не ја менуваше многу својата вредност и остана на 3.1 милијарди долари.
Facebook ќе се додаде и на под - индекот на S&P500 индексоткој ги опфаќа компаниите кои се занимаваат со интернет услуги и софтвери заедно со Google Inc. , EBay Inc. и Yahoo! Inc. Меѓу друштвените мрежи кои се појавија на пазарот на акции во последните три години , како што се LinkedIn Corp., Yelp Inc. и Twitter Inc., Facebook прв успеа да влезе во S&P500. Околу 19 месеци после иницијалната јавна понуда Facebook е веќе член на Russell 1000 и MSCI World Индексите. На Nasdaq се придружи во мај 2012 година после што му е намален вообичаениот период на чекање како дел од преговорите со кои му се придружи на Nasdaq, а не на NYSE ( New York Stock Exchange).
Веста за влезот во S&P500 индексот предизвика краткорочен раст на цената на акциите, меѓутоа, на подолга стаза, самиот факт дека Facebook му се придружи на овој индекснема да има преголемо влијание на нивното движење. Цената на акциите и понатаму ќе расте и ќе опаѓа на основа на способноста на компанијата да привлече нови огласувачи како и да го задржи интересот на своите членови.Земајќи ја во предвид способноста на менаџментот да ги надминува проблемите и да се приспособува на барањата на пазарот преку низа иновации, може да се очекува дека 2014 година ќе биде многу успешна за оваа компанија.
Никола Димков
Дипломиран економист по финансиски, банкарки и даночен менаџмент, Сениор Експерт во FXLider
Вложете во акциите на Facebook уште денес, тргувајте и заработете.
FXLider ви поклонува 50$ вистински пари како почетен капитал. Доволно е само да отворите реална сметка во FXLider на линкот
ОВДЕ>>