05 Декември, 2025
0.0309

Инвеститорите на Македонска берза се преуморни од поразите што ги преживеаа низ годините?

Објавено во: Анализа 06 Март, 2013 10:30

Добивај вести на Viber

Изминатава недела имавме можност да видиме што сработеле дел од котираните компании на берзата во текот на 2012 година. Наредниве денови ќе ги дознаеме и резултатите за останатите компании. Еден генерален заклучок е дека кризата навистина удира по билансите, посебно на некои банки каде се забележува зголемено ниво на отписи, но секако има и џебови на успешно работење кои за жал ги нема во некој голем број. Сепак бидејќи ова е берзанска анализа вреди да се каже дека фундаментално гледано имаме широк спектар на акции кои се тргуваат далеку под нивната книговодствена вредност. Што би рекло доколку некој може да ги купи компаниите на берза по оваа цена по која се тргуваат денес ќе излезе во голем ќар, бидејќи нивниот капитал и имот е значително поголем од нивната цена. Па така скоро сите банки, Гранит, ЗК пелагонија, Реплек, Македонија Турист, Алкалоид се тргуваат на цени 10-70% помали од нивната книговодствена вредност. Добар дел од овие фирми не само што имаат ниска книговодствена вредност, туку и се доволно профитабилни и имаат  доста атрактивни цена/заработка коефицинети, па дури и солидни дивидендни приноси кои се некаде поголеми и од банкарските депозити. Значи фундаментално имаме атрактивни валуации, но секако ова најмалку значи дека истите треба да се купуваат исклучиво поради таа причина. Логиката кажува дека 100 е поефтино од 200, а 50 е поефтино од 100. Така да со секој пад на цените надоле фундаментално акциите може да бидат уште поатрактивни. Берзата, барем ние тука тоа добро го знаеме знае да биде исклучително нерационална како во време на падови, така и во време на растови, затоа е многу глупаво да се прогласуваат дефинитивни пикови и врвови. Разочарувачки е кога го гледаме се поголемото отстапување на регионалните и домашната берза во споредба со она што се случува на развиените пазари. Овдешните инвеститори како да се уморени од поразите кои ги доживуваа низ годиниве и едноставно не постои простор за поактивно раздвижување на берзите. Како да нема психлошки тригер кој ќе ги насочи парите кон акциите, кои делуваат евтино, но се чини дека конзенусот е дека може да бидат поевтини. Што би рекло цените се такви какви што се, а времето ќе покаже какви ќе бидат натака. Факт е дека имавме позитивни движења изминативе неколку недели и тоа на регионално ниво што е исклучително важно, бидејќи регионалните инвеститори (читај Словенците) се и најголемите на нашава берза. Сепак како и што обично бива на балканите политиката е секогаш тука да се замеша, па почнувајќи од Словенија до доле кај нас во изминативе недели имавме неекомски влијанија кои си го земаа данокот. Сепак барем засега (нема да да ве заморуваме со графици во овој текст) некои основни трендови се уште не се прекршени и постои можност да се вратиме на позитивната патека, по која бевме тргнале. Освен политиката, веројатно развојот на настаните ќе го одредаат и дивидендите, како и регионалните движења. Димитриоски Милан *авторот не поседува акции во наведените компании

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?