Зошто крушевчани си ги продаваат куќите?
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2023 12:31
Повеќе куќи во градот Крушево се огласени за продажба. Крушевчани нудат куќи од 40, 70, 80, 95, 100, 120, 200 квадрати, наместени или куќи во градба. Станува збор за куќи со 3, 4, 5, 8 или 10 соби.
Оние кои ги продаваат куќите велат дека имаат различни мотиви за тоа, од селење надвор од државата или во друг град, потоа некои поседуваат две куќи, па решиле едната да ја продадат, некои се веќе отселени и сакаат да се ослободат од имотот. Според нив, познато е дека во целата држава имаме проблем со миграцијата, а Крушево не е исклучок. Додаваат дека бројот на жители се намалува, така што за младите нема некоја перспектива.
„Ние имаме две куќи, старата ќе си ја чуваме, а новата ја продаваме. Се јавуваат луѓето, прашуваат, најчесто од Скопје, но досега нема договор. Сепак, Крушево е еден убав град со вековна традиција, со прекрасен воздух и не може да биде толку евтино како што очекуваат“, вели Кочо Николоски.
Дел од луѓето успеале да ги продадат имотите, а некои чекаат со години.
„Јас продадов куќа во Крушево и си купив друга куќа исто во градот. Мислам дека причините се познати, не е тајна дека народот се иселува и тука секој си има различна приказна. Инаку, купуваат и луѓето од други градови за да си доаѓаат за викенди. Останати се околу 2.500 жители во градот“, додава жител на Крушево.
Оние луѓе кои продаваат куќи велат се случувало за 4 години додека куќата е ставена на продажба, да се јават и по педесетина заинтересирани. Крушевчани велат дека имаат и нови соседи и тоа од Скопје, Кавадарци, кои неодамна си купиле имоти во гратчето.
„Јас имам две куќи, едната ја продавам. Јас сум стара, мене една куќа ми е сосема доволна. Овде се продаваат многу куќи затоа што некои луѓе починале, нивните наследници не живеат тука и ги продаваат, некои веќе се отселиле. Продавам и два декари борова шума во близина на манастирот на Тоше Проески, затоа што сум сама, не ми е потребна“, вели Фане Нечовска од Крушево.
Куќите располагаат и со дворно место, а со некои се нуди и гаража за продажба.
„За мене лично, имавме 3 куќи, едната ја продадовме. Местото е убаво за пензионери, куќите се убави, од камен и тука нема збор, во лето е ладно, во зима е топло, но за младите проблем е беспарицата и секој си бара работа, дали во друг град или во странство“, додава Наде од Крушево.
Некои од огласувачите имаат оставено и странски контакт броеви, со порака дека за заинтересираните се достапни на Вибер.
Сања Атанасовска
foto Wikipedia/Milo van Kovacevic
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




