Зошто луѓето со повеќе пари имаат повеќе среќа и во љубовта?
Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2014 18:30
Според најново истражување парите можат да ја купат љубовта, а според научниците - што повеќе заработувате, толку е поголема шансата да пронајдете партнер.
Во новото истражување научниците заклучија: колку ви се поголеми приходите, толку се поголеми шансите дека ќе се вљубите и тоа повеќе од еднаш. Истражувањето што го спроведе компанијата Минтел покажува дека лицата кои заработуваат повеќе имаат поголеми шанси да се вљубат и тоа дури четири до пет пати во текот на животот, а лицата кои помалку заработуваат, поретко и се вљубуваат, па со самото тоа потешко пронаоѓаат партнер.
Студијата покажала и дека луѓето од сите сфери на животот во денешно време имаат повеќе партнери отколку пред неколку години, а на таков став ги охрабрува се попопуларната култура.
Научниците откриле дека луѓето се се понаклонети да заземаат научен пристап при пронаоѓањето партнер со користење Интернет страници за пронаоѓање партнер, кои ги поврзуваат луѓе со исти интереси, па така љубивта што се случува случајно и судбински е се поретка.
Токму тоа објаснува зошто многумина ја изедначуваат љубовта со нечија финансиска ситуација.
Аналитичарот Ричард Куп од Мантел вели: „Фактот дека парите се изнедначени со успехот во љубовта е многу интересен, бидејќи се повеќе луѓе плаќаат разни услуги кои им помагаат во пронаоѓањето партнер. Едноставно, луѓето со повеќе пари имаат и поголеми можности на користење на тие услуги и со самото тоа повеќе успех во пронаоѓањето партнер“.
Историски гледано, партнерите досега ги запознававме или на работното место или во ночните клубови, но денес бесплатните Интернет страници за пронаоѓање партнер се наоѓаат на врвот на пописот. Дури третина од испитаниците барале љубов преку Интернет, а тоа е дури и изедначено со запознавање партнери преку заеднички пријатели.
Ивор: МИА
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




