17 Декември, 2025
0.0894

Зошто Македонците сакаат да бидат „други невработени лица“!?

Објавено во: Економија 22 Јули, 2013 08:37

Добивај вести на Viber

Откако Агенцијата за вработување ги преполови невработените, допрва ќе мери зошто Македонците кои се без работа се изјаснуваат како „други невработени лица“. Најновата евиденција на Агенцијата за невработените не нуди одговор каде и како за половина година исчезнаа над 140.000 невработени лица?! Со дури 17.000 евра Агенцијата за вработување  ќе истражува  која е причината поради која невработените Македонци се изјаснуваат како "други невработени лица". Таа се јавува како нарачател на анкети од три различни агенции за испитување на јавното мислење, кои треба да и предочат на Агенцијата за вработување зошто невработените се пријавуваат во Агенцијата за вработување во графата други невработени лица. Институтот за политички истражувања за речиси 5.000 евра, Ипсос Стратеџик Пулс за речиси 6.000 евра и Агенцијата Рејтинг Сп-М за 6.000 евра во летните месеци треба да спроведат  теренско истражување на три различни репрезентативни примероци од базата на Агенцијата за вработување, со примерок од 1.000 луѓе. Секоја агенција поединечно, според конкретно наведен прашалник ќе треба да бара одговор зошто Македонците се изјаснуваат како "други невработени лица". Откако ќе ја спроведат анкетата, резултатите треба да и ги испорачаат на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Агенцијата за вработување како државна агенција, кога има потреба од јавна набавка чијашто вредност е над 500 евра, согласно Законот за јавните набавки, треба да распише јавен оглас. Но, за набавката на оваа услуга од трите агенции, Агенцијата за вработување пристапи кон преговарање без претходно објавување на оглас. Причината за ова од Агенцијата ја правдаат со итност. Преполовен е бројот на невработените Како што веќе објави Фактор, во Македонија нема ниту 100.000 невработeни – според математиката на Агенцијата за вработување. По половина година пауза, Агенцијата минатата недела го објави податокот за бројот на невработени лица. По завршувањето на процeсот за пререгистрација, во земјава останале само 96.999 невработени лица на крајот на јуни. Од нив 16 се доктори на науки, а 744 магистри. Со високо образование се над 16. 000. Оттука, се наметнува прашањето каде изчезнаа 140.000 невработени?! Новата евиденција на Агенцијата за вработување, покажува дека бројот на невработени во Македонија е трипати помал од оној што го објави Државниот Завод за статистија, кој што во првото тримесечје изброи 284 823 невработени. Дури и според АВРМ на крајот од 2012 година, пред да започне пререгистрацијата, бројот на невработени бил поголем од 240. 000. Во новите податоците за прилив и одлив на невработени,  Агенцијата не обелоденува каде и како за половина година исчезнаа останатите над 140.000 невработени лица?!

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас