Зошто Македонија не ги сака европските пари за аграрот?
Објавено во: Агробизнис 10 Декември, 2012 08:57
ИПАРД Програмата во Македонија се акредитираше во 2009 година. Досега се објавени седум огласи. Од шест јавни повици склучени се 167 договори за користење на дел од европските пари, во вкупна сума на инвестиции од 15.3 милиони евра или нешто повеќе од 7.7 милиони евра ко-финансирана сума. Агенцијата често објавува огласи, акредитира нови мерки за привлекување на интересот на земјоделиците и агробизнисмените, но залудно, голем дел од парите и по три години се неискористени.
-Во насока на зголемување на искористеноста на расположливите средства по ИПАРД Програмата се изготвија и усвоија измени на Програмата со кои се зголемува дијапазонот на потенцијални корисници, финансиските лимити по корисник се подигаат, се додаваат нови инвестиции и трошоци како прифатливи за поддршка како на пример механизација, трактори и друго. Очекуваме измените на програмата значително да го зголемат бројот на подносители на барања за финансика поддршка, а со самото тоа и бројот на склучени договори и исплатени средства, велат од Агенцијата.
За земјоделците проблемот е во обемната документација, имотните листови, но најмногу процедурите за добивање на кредити од банките.
-ИПАРД програмата е можност за модернизирање на капацитетите, реструктуирање и модернизација на фармите што би резултирало со создавање конкурентни производи. Ние препознавме проблем во однос на искористувањето на средствата од страна на земјоделците. Најголем дел од нив се соочуваат со неможноста да добијат дозвола за легализацијата на објектите што е еден од условите за аплицирање, голем беше прагот за аплицирање за ладилници. Овоштарите сеуште се соочуваат со проблемот со административниот дел околу реконструкција на овошните насади. Пречка за земјоделците беше и неусогласената легислатива за пристап до овие фондови, како и високите каматни стапки кои банки се уште ги имаат кога станува збор за земјоделските кредити, велат од Федерацијата на фармери на Македонија.
Проблемот со банките го посочуват консултанстките куќи и експертите, кои предупредуваат дека Агенцијата треба да порабатат повеќе во овој дел, бидејќи банките сеуште немат чувство за разликување на стандардните кредити од оние наменети за инвестиции во агросектрот. Овој проблем се провелкува уште од пред три години, иако од Агенцијата тврдат дека постојано работата со банките и потпишале и меморандум за соработка со Здружението на банкарите за подобра координација во процесот на обезбедување кредити.Во делот на кредитирањето голема улога има и Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд кој обезбедува кредити со повластени каматни стапки за примарна земјоделска дејност и за преработувачката индустрија, кои исто така се јавуваат како корисници по ИПАРД Програмата, објаснуваат од Агенцијата.
Минимални 1,7 милиони евра се повелечени од достапните 40 милиони евра
Околу 38 милиони евра, пари од европските фондови наменети за модернизирање на македонскиот аграр најверојатно ќе пропаднат. Поточно станува збор за пари предвидени од ИПАРД Програмата од буџетот за 2009 година, кои согласно европските регулативи требаше да се искористат во следните три години, односно до крајот на оваа година. Од Агенцијата за финансиска поддршка признаваат дека Македонија очегледно нема да може да ги искористи сите средства предвидени во буџетот за 2009 година. На крајот на 2012 година за првпат ќе се примени правилото N + 3 , што значи дека Република Македонија се наоѓа во ситуација да не ги искористи сите средства предвидени во буџетот за 2009 година, а во иста ситуација се наоѓаат и другите две земји кориснички на овој инструмент, објаснуваат од Агенцијата. За дел од експертите ваквиот епилог беше очекуван, бидејќи уште на стартот не се водело сметка за сите пречки што сега излегоа на патот кон искористувањето на европските пари. Неколку години наназад и Европската комисија не предупредува на едните исти недостатоци во однос на реализацијата на ИПАРД Прогрмата. И во последниот извештај од ЕК, забелешката беше во недоволната екипираност на Агенцијата и слабата искористеност на фондовите, кои се важни за развој и модернизација на македонскиот аграр.
С.Ј
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





