Зошто Македонија слабо ги користи парите од ИПАРД фондовите?
Објавено во: Агробизнис 10 Октомври, 2014 08:06
„Се зајакна капацитетот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Во 2013, вкупно 11.500.000 € за финансирање што беа доделени од страна на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), останаа неискористени и се вратија во буџетот на ЕУ. Целокупниот дизајн на програмата - од подобност и финансирање, правилата и типовите на инвестициите, дозволени во текот на фазите на мониторинг - треба да се подобрат. Националните власти постигна напредок во исполнување на условите за акредитација на "техничка помош" во рамките на ИПАРД. Осмиот јавен повик е издаден по четвртата модификација на ИПАРД, овозможувајќи и купување на трактори. Бројот на поднесени барања значително се зголемија.Но неефикасните спроведувања на предпристапната програма за рурален развој сериозно загрижува“, се наведува во извештајот на Европската комисија.Во напредна фаза се подготовките за воспоставување на интегриран административен и контролен систем , како и хоризонталниот модел за финансирање на земјоделството. Комисијата посочува дека идентификацијата на земјоделските парцели е воспоставена но сеуште се развива, но добро е што дигитализацијата на земјоделските парцели е завршена.
„Земјоделскиот Пазарен Информативен систем стана ексклузивен извор на податоци за пазарот. Квалитетот на податоците од сметководствени податоци на фармите се уште треба да се подобри. Пристапот до квалитетни советодавни услуги за земјоделците и малите земјоделски бизниси треба дополнително да се подобри, особено во поглед на стратешката важност на ова прашање. Загрижува користењето и одржувањето на објектите за наводнување“, се посочува во извештајот.Во делот на буџетот за субвенции за земјоделството и руралниот развој за годинава, Европската комисија посочува дека парите се на слично ниво како лани, но дека ефектите и влијанието на субвенции врз севкупното производство допрва ќе се оценуваат.
„Буџетот 2014 за земјоделството и руралниот развој е на фиксно ниво,слично на она од 2013 година (околу 155 милиони €), што претставува 5% од националниот буџет. Околу две третини од оваа сума претставуваат директни плаќања за земјоделците. Влијанието на овие директни плаќања за одржливост, продуктивноста и конкурентноста на фармите, остануваат да бидат оценети.Постигнат е ограничен напредок во однос на заедничката организација на пазарот за стоки“, стои во извештајот.Во однос на органското производство, Комисијата оценува дека подготовките за политиките и квалитетот на ова производство се во тек, а сега во фокусот треба да биде нивната имплементација.
„Во декември 2013 година, беше донесен националниот план за органско производство. Со oдредбите за финансиска помош беа запознаени земјоделците кои се пријавиле на органското производство. Административниот капацитет за управување со органско земјоделство треба да се зајакне“, се наведува во извештајот. Генералниот заклучок за првиот дел посветен на земјоделството и руралниот развој, е дека е постигнат одреден напредок во областа на земјоделството и руралниот развој, особено во областа на интегриран административен и контролен систем, руралниот развој, органско производство и квалитет заштита.Лоцирано е подобрување на структурата на фармите, потребно е да се обезбедат поголеми советодавни услуги кои се неопходни за зголемување на конкурентноста. Неефикасното спроведување на предпристапната програма за рурален развој сериозно загрижува, наведува Европската комисија.Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика Европската комисија посочува дека институционалниот капацитет на Агенцијата за храна и ветеринарство е зајакнат со дополнителни вработувања, но и натаму кадровскиот капацитет останува недоволен. Во извештајот позитивно е оценето носењето на четерите планови за мониторинг за увоз на ризични пратки, контролните системи за увоз и условите за увоз на живи животни и производи од животинско потекло, вакцинацијата на лисисците против беснило. Но се посочува дека сеуште не е воспотавен системот за идентификација и регистрација на свињи, а како проблем комисијата ги лоцира доцнењата во исплатата на овластените приватни ветеринарни ординации. “Законодавството е фокусирано на подобрување на здравствениот статус на животните во аквакултурата и на програмите за следење, трговијата на живи животни, семе, јајце клетки и ембриони, како и на мерките за контрола на болести кај животните, забранети супстанции и за мониторинг на резидуи од ветеринарни лекови. Контролите на системите за увоз и услови за увоз на живи животни и производи од животинско потекло се редовно ажурирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Донесени се четири планови за мониторинг базиран на ризик за пратки при увоз и се спроведуваат. Беа издадени правилници за идентификација и регистрација на пчелите, овци и кози. Системот за идентификација и регистрација на свињи се уште не е воспоставен. Системите за проверка на идентификација на животните, регистрација и движење се уште треба поефикасно да се спроведуваат. Доцнењата во исплата на овластени приватни ветеринарни ординации продолжи и може да предизвика проблеми за спроведување на здравствената заштита на животните”, стои во извештајот. Европската комисија посочува дека се донесени Правилниците за животинските нуспроизводи, но комисијата укажува дека годишната мониторинг програма за безбедност на храна не е целосно спроведена поради недостиг на финансиски средства.
“Годишната мониторинг програма за безбедноста на храната не е целосно спроведена поради недостаток на средства. Кадровскиот капацитет на Инспекторатот за храна останува недоволен. Законот за спроведување на посебните правила за добиточна храна е усвоен”, се наведува во извештајот.Во делот на фитосанитарната политика позитивно е оценето усвојувањето на програмите за штетни организми и производите за заштита на растенијата, но се наведува дека истите во пракса делумно се спроведени. Недостатоци се утврдени во кадровскиот капацитет и плановите за контролите при увоз.
“Не се усвоени планови за спроведување на службени контроли на увозот, регистрација, етикетирање и употребата на производите за заштита на растенијата. Бројот на персонал, обуката и експертизата сеуште се недоволни. Координацијата помеѓу надлежните органи во секторот останува слаба и неефикасна. Се зајакна капацитетот на Државната фитосанитарна лабораторија, и покрај тоа што има зголемен обем на земање мостри и анализа, сеуште тоа е недеовлно за да се обезбедат сигурни резултати. Фитосанитарниот информативниот систем се уште не е утврден, и нема напредок во подготовките”, стои во извештајот.Регистриран е напредок во спроведувањето на подзаконските акти за генетски модифицираната храна. Генералниот заклучок за делот посветен на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика, е дека продолжува напредокот во напорите на областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, особено во делот на напорите на Агенцијата за храна и ветеринарство за спроведување на законите и надградба на системот за ризици базирани на официјалните проверки. Комисијата посочува дека подготовките во областа на безбедноста на храната и ветеринарна политика се во напредна фаза. Но подготовките во фитосанитарната област и натаму се во почетна фаза. Во делот на рибарството и аквакултурата, Европската Комисија оценува дека е постигнат напредок во областа на инспекцијата на комерцијалниот риболов во езерата. И во годинешниот извештај се посочува дека Владата има неформални работни договори со Албанија и Грција во врска со управувањето на ресурсите во Охридско, Преспанско и Дојранско. Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





