Добивај вести на Viber
Алексис Ципрас пристигна подоцна во Берлин. Пред цели два месеца секогаш демонстративно излегуваше пред публика без вратоврска, токму тој 40-годишен политичар беше избран да застане на чело на владата од леви и десни популисти. Но едвај овој понеделник патот го доведе до Берлин - пред тоа тој речиси демонстративно ја избегнуваше Германија - најважниот кредитор на неговата земја.
Ангела Меркел сепак не се импресионира многу од тоа. Исто како и од антигерманските расположенија кои неговата партија СИРИЗА и нејзините медиуми ја поттикнуваат за време на предизборната кампања и потоа. Ако канцеларката е иритирана од тоа, во никој случај не го покажува: во кабинетот на канцеларката Ципрас е донесен во истата пријателска и деловна работна средина која ја добива и секој друг странски шеф на држава, пишува во својата анализа Die Welt.
На прес-конференцијата, која се одржа вечерта меѓу првичниот разговор и подоцнежната работна вечера, сето тоа звучеше вака: "Германија има блиски и пријателски односи со Грција, а многуте луѓе тука со грчки корени се нешто како жив мост кон Грција".
Оваа учтивост нема ништо заедничко со фактот дека физичарот Меркел и инженерот Ципрас имаат многу заеднички нешта. Во односите на канцеларката со странските шефови на држави и влади важи истиот принцип како дома со партиските лидери на коалициските партнери: избраните се демократски избрани. Меркел го прифаќа секој што доаѓа во Берлин. И кон
Џингис Кан Меркел би имала слични отворени односи, ако беше канцелар за време на монголската инвазија.
Само кај Ципрас сепак одекнуваа жестоките вербални судири од последните недели: "Мислам дека оваа средба е многу значајна, бидејќи ние треба да се разбереме подобро. Нема друг начин да се надминат тешкотиите ...".
Во невообичаено долгата изјава, која е слична на предавање и изгледа премногу задоволна како резултат на краткото резиме на канцеларот, Ципрас повторно го презентира својот светоглед: во последните пет години спасувачките програми не се претворија во "успешна приказна" за неговата земја. Строгата политика имала "разурнувачки ефект врз нашата економија" и доведе до "социјална тензија". Дури тогаш премиерот призна и за "внатрешни причини за огромната криза во Грција". Сега тој сака да "постигне нов политички микс за отстранување на овие зла".
Ципрас објави во присуство на Меркел дека сака "да ги спроведе потребните фискални предлози". А тоа се зема доста добро во Берлин. Ципрас веднаш проговори и за "социјална правда", која сака да ја создаде во Грција. Односно - крај на мерките за штедење? Тој се обврза од една страна со верност кон договорот на земјата, но исто така, го истакна, од друга страна, "почитувањето на демократијата". За време на предизборната кампања неговата партија СИРИЗА вети бројните грчки обврски да бидат разгледани.
Дали Меркел верува на овие двосмислени пораки? Единствен одговор дека таа нема доверба на новата грчка влада - како што нејзиниот искусен министер за финансии
Волфганг Шојбле јавно изјави пред една недела, е незамислив за Меркел.
Од таква изјава не би имало и смисла. Бидејќи Меркел никогаш не верувала и на другите претходници на Ципрас. Со премиерот од конзервативната партија на
Андонис Самарас таа водеше жестока дискусија за време на средбите на врвот на ЕУ. Како политичар од опозициската партија и помал коалиционен партнер Самарас се обиде да ги спречи политиките за реформи на социјалистичката влада. Но, кога беше избран за премиер, тој заборави на се што имаше научено.
И на Ципрас таа, барем вербално, му дава знак за доверба, нагласувајќи го интересот на Германија за обновата на Грција. "Ние сакаме Грција да е сила, да има раст и пред сè да се ослободи од високата невработеност". Меркел исто така изрази подготвеност да работи со новата лево ориентирана влада на земјата. Но при тоа е важно да се напомене и дека канцеларката не верува на ниту еден грчки политичар.
Токму поради оваа причина таа инсистира на тоа институциите, како што сега се нарекува Тројката, односно претставници од Европската централна банка (ЕЦБ), Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), да ги следат внимателно грчките влади. Да, токму Меркел го наметна учеството и на Американците од ММФ. Таа верува дека е помалку веројатно врз нив да има политичко влијание отколку што би имало врз претставниците на европските организации.
Во дел од изјавата на Меркел може да се забележи и одредена резервираност. "И за нас двајца е важно, за мене и во сите случаи, да се најде можност за соработка и доверба. Ние двајцата сме убедени барем Германија дека Европа е една мирно творба ".
Според Süddeutsche Zeitung средбата покажала дека е
"вистинско време да биде ставен крај на комуникациската војна во калта". Заклучокот од оваа средба е дека Берлин треба да "погледне рамноправно на Ципрас" и да престане и од двете страни негативната атмосфера која го спречува конструктивниот дијалог. "Подобро е човек да зборува со други, отколку да зборува за другиот", заклучува весникот.
До сличен заклучок доаѓа и Spiegel. Изданието коментира дека на оваа средба двете страни направиле обид да ја растоварат атмосферата. "Тонот на помирување сепак не може да скрие дека се уште има нема доверба", нагласува Spiegel, цитиран од светските агенции, и додава дека "Грците имаат потреба од пари, но Меркел не сакала само да види реформи на хартија, туку дела" .
Во насловот Handelsblatt пишува кратко, но јасно
"Љубезно несогласување". Изданието сепак нагласува дека средбата била една од оние кои имаат вредност и само затоа се одржа. Со поканата Меркел покажува дека сака решение и избегнување на Grexit (излегување на Грција од еврозоната). Што се однесува до довербата, весникот забележува дека "Шојбле имал право кога вели дека грчката влада ја уништи довербата во Европа" и дека "средбата Меркел-Ципрас е прв чекор за нејзиното напорно градење".
К.К: