„ЗОШТО МИ ГО УБИВТЕ ДЕТЕТО? – ПРАШАЈТЕ ГО ПАЛЕВСКИ, ТОЈ ГО ИЗВРШИ ТОА“: Од денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 12:41
Денешното рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и
Панче Жежовски во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи со испитување на
обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на адвокатите на
останатите обвинети, а прашање му
постави и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
„Што се случи, зошто ми го убивте детето“, праша Александар Ѓорчевски.
„На тоа прашање не можам да одговорам, треба да го прашате Палевски, тој што го изврши тоа, рече Манев.
Говорејќи за планирањето на грабнувањето, Манев посочи дека Љупчо Палевски предложил неколку потенцијални жртви, меѓу кои и директор на компанијата „Гранит“ или ќерка на фармацевт. „Десет дена пред грабнувањето, Палевски рече дека ќе ја набљудува жената за да ги дознае нејзините навики“, додаде тој.
Манев истакна дека фотографиите од потенцијалната жртва биле направени без директен контакт со нивните телефони. Прашан дали детето што го грабнале не било истата личност од фотографијата, тој одговори дека постоела сличност.
„Личноста од фотографијата многу наликуваше на детето – висината, бојата на коса. Личеше на повозрасна жена, а не на дете. Освен изгледот, беше и времето на излегување – 7:20 наутро, секојдневно, како што следеше Палевски. Бевме сигурни дека тоа е таа особа“, рече тој.
Манев изјави дека во моментот кога ја откопчале вреќата за да ја фотографираат жртвата, сфатиле дека грабнале дете, а не жена.
„Тоа се случи откако ја извадивме од колата, од гепекот, ја поставивме на земја во легната положба, ја откопчавме вреќата и ја извадивме лентата од устата за да може да ја сликаат – тогаш видовме дека е дете“, сведочеше Манев.
Тој нагласи дека немал мобилен телефон на местото на настанот и дека комуникацијата се одвивала преку радио станици. На прашањето дали некој од групата се слушнал со родителите на Вања, бидејќи таа им ги дала нивните телефонски броеви, тој одговори дека тој лично не, но за другите не знае.
Манев изјави дека не знае зошто не биле испратени слики за откуп и дека тоа е прашање за Палевски. На прашањето дали по убиството некој од нив ги споменал родителите на детето, одговори дека немал никаков контакт.
„После убиството, вечерта на 27 ноември, последен пат излегов во партијата, кога однесов тегли мед за еден пријател. Требаше да си ги подигне од партијата. Немав никаков контакт со никого, освен со Боре. Првиот контакт беше на 30 ноември, кога првпат ми се јави Љупчо Палевски за да ми каже дека заминува за Москва, а 15 минути подоцна повторно ми се јави за да ми каже дека заминува за Турција. Со Кешишев немав никаков контакт по тоа“, рече тој.
На прашањето кој одлучувал која личност ќе биде грабната, Манев посочи дека тоа било во рацете на Љупчо Палевски. „Тој ги знаеше луѓето во зградата и одлучуваше кој ќе биде грабнат“, рече тој, додавајќи дека пред киднапирањето, „Љупчо Палевски нѐ однесе до зградата за да ни објасни каде е влезот, каде е сутеренот, ни ги кажуваше скалите, каде се излезните скали што водат кон сутеренот. Тоа беше ноќно време. Потоа не одведе на една бензиска станица да пиеме кафе и ни ја покажа фотографијата за да ја запаметиме личноста“, рече тој.
Во однос на прашањата за вмешаноста на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, Манев изјави дека за првпат му бил спомнат во полициската станица. „Кажав дека бев физички малтретиран и тепан за да кажам дека сум видел како Љупчо Палевски разговара со таткото на Вања. Во изјавата од 6-ти, бев истрауматизиран. Четириесет минути чекав во ред за тепање по стапала до крв. Редоследот беше: прво Александар, па Боре, па Кешишев. Мене ме зедоа кога го вратија Кешишев во ќелија. Знаев што ми следува. Слушав како вриштат“, изјави тој.
Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.
Можеби ќе ве интересира
ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите
Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

СЕГА БУЛДОЖЕР. СРАМНЕТЕ ТОА ШТАЛАТА СО ЗЕМЈА, ТРАГА ДА НЕ ОСТАНЕ ОД ТОЈ ПЕКОЛ: Лукреција Маљковиќ- Атанасовска ја трогна јавноста со порака за несреќата

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, НО И ЧЛЕН НА ДНК СЕ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ - обвинителот Љупчо Коцевски со опсежни детали за несреќата

ЛА НИЊА НЕ ЗАВРШИЛА СО НАС: Балканот би можел да биде меѓу најпогодените?

ПАЦЕНТИТЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ СТАБИЛНИ: Д-р. Чибишев за хоспитализираните од Кочани (ОБНОВЕНО)
