18 Декември, 2025
0.1348

Зошто Молдавија го преименува својот јазик во романски?

Објавено во: Свет 16 Март, 2023 18:45

Добивај вести на Viber

Молдавскиот парламент го преименува молдавскиот во романски јазик. 

Пратениците со просто мнозинство  ја донесоа одлуката на владејачката партија Акција и солидарност. 

Во Молдавија амандманите на Уставот мора да добијат двотретинско мнозинство во Парламентот, што значи 67 од вкупно 101 пратеник. Доколку, пак, претходно се предложени од Уставниот суд, доволно е и просто парламентарно мнозинство. Уставниот суд предложи промена на името на јазикот уште во 2013 година. Иницијативата за промена на името на јазикот е поднесена од владејачката партија Акција и солидарност. 

Во согласност со тој предлог, терминот „молдавски јазик“ во која било граматичка форма се заменува со терминот „романски јазик“. Дополнително, зборовите „државен јазик“, „официјален јазик“ и „мајчин јазик“ се заменуваат со зборовите „романски“ доколку се однесуваат на државниот јазик на Молдавија.

Молдавските власти се плашат дека по Украина, Русија може да ја нападне нивната земја. 

„Најдобар начин Молдавија да се заштити од руски напад е да се заштити Украина“, изјави британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли.

Молдавија, држава со само 2,5 милиони жители, има руски мировници во отцепениот регион Придњестровје. 

Претседателката Маја Санду лани изјави дека за можно обединување на Молдавија со Романија ќе одлучи народот. Молдавија сака да добие заштита. 

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина