Добивај вести на Viber
Пролетните поплави и летниот град, повторно го отворија прашањето, зошто земјоделците не го осигуруваат производството? Од 2008 година се воведе и субвенција за осигурување, која покрива дел од трошоците за осигурителната полиса односно 60 отсто, а останатите 40 отсто треба да ги плати земјоделцот. Но и покрај ваквата алатка која гарантира заштита на производството, интересот за осигурување е минимален.
Бројката од 1.300 земјоделци кои ја искористоле субвенцијата за осигурување неколку години е непроменета. Агроекспертите велат дека постојат повеќе причини за слабиот интерес за осигурување на земјоделското производство. Од една страна, земјоделците секогаш тргнуваат од од тоа дека во реонот каде што им се посевите никогаш не би имало невреме кое ќе предизвика штети. Од друга страна пак сметаат дека и да не го осигураат производството, доколку се случат некакви шетети предизвикани од елементарни непогоди, државата ќе ги обештети. И по последното невреме проследено со град, од кое штетите се до 80 отсто, земјоделците побараа државата да ги обештети.
Од друга страна, според земјоделците клучниот проблем е нивната слаба финансиска моќ.
-Можеби некој има пари, но голем е бројот на земјоделци кои немаат ниту тие 40 проценти од осигурителната полиса да ги платат. Јас не го имам осигурано производство, оти и покрај субвенцијата тој дел што треба да го платам, во моментов за мене е висока сума во однос заработката што ја имам и останатите трошоци.Но секако во иднина како што тргнало со врменските услови ќе мора да го осигураме производство. Сега со градот речиси комплетно ми е уништен родот од пиперки и домати, вели земјоделец од скопско.
Сепак годинава се чувствува мал напредок. Лошиот старт на годинава во однос на временските непогоди, ги натера земјоделците повторно дали размислат за придобивките од осигурувањето на производство. Како што објаснуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, оваа година се очекува зголемување на бројката на исплатени субвенции за осигурување. Уште по пролетните поплави голем број од земјоделците се интересирале околу условите за користење на оваа мерка.
Дека има раст на интерес, потврдуваат и од осигурителните компании. Велат дека тоа се почуствувало особено оваа година. Најголем бил интересот за осигурување на лозови и овошни насади, жита.
- Во споредба со лани бројот на склучени полиси за осигурување на земјоделското производство кај нас е зголемен за 36 отсто. имаме 36 отсто повеќе склучлени полиси за разлика од лани. Има интерес за лозови насади, вишни, жита а имавме и договор и во Прилеп за масовно осигурување на тутунот, но земјоделците дојдода после поројниот дожд.Цената зависи од културата. За хектар пченица цената што треба да ја платат е 300 денари разликата се субвенционира преку Агенцијата. Сега правевме понуда за пиперки, за два хектари 23.000 денари е полисата. Ако станува збор за тотална штета при град, се исплаќа веднаш целата сума на осигурување на кое е осигурано производствот, вели Татјана Ивановска, извршен директор на Винер осигурување.
Субвенцијата важи за осигурување од три ризици, пожар, град и удар од гром. Од осигурителните компании велат дека кај дел од земјоделците постои интерес и за осигурување од други ризици.
- Во разговор со производителите добивме сознанија дека за различни типови на производи се потребни различни покритија поинакви од тоа што се субвенционира. Земјоделците ни кажаа дека се подготвени и сами да ја платат таа полиса без субвенции, само да имаат покритие. Сега се актуелни тутунопроизводителите, тие го побараа иосигурување од ризикот поплава од пороен дожд. За нив е тоа важно бидејќи поплавите го гнијат растението и со тоа го губат целиот род за тековната година. Кај овоштарите понудивме осигурување за ризик од лизгање и одронување на земјиштето, есенски и пролетен мраз, објаснува Ивановска.
Засега само четири осигурителни компании во земјава нудат земјоделски полиси, а од вкупно регистрираните 100.000 земјоделци, само 1.500 купуваат полиси. Најголем е бројот во Кавадарци, Ресен, и Неготино. Најмногу се осигуруваат лозовите насади 350 хектари, јаболката 270 хектари, и житните култури преку 210 хектари.
Досега за субвенции за осигурување, Агенцијата има исплатено близу 350.000 евра, сума за која и надлежните признаваат дека е минимална. Оваа година за мерката се предвидени речиси 570.000 евра. За субвенцијата ќе имаат право да поднесуваат барања и пчеларите.
Неодамна со Меморандумот за соработка што го потпишаа Платежната агенција и Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва, земјоделците ќе имаат посети од брокерски друштва се со цел директно да им објаснат бенефитите од осигурувањето на посевите и пакетот услуги што ги нудат осигурителните компании.
Земјоделството е директно на удар на временските непогоди. Тоа најмногу се покажа оваа година. Поплавите во струмичко уништија голем дел од родот од зелка, краставици, пченица, луцерка, марула, компир, пролетниот расад од домати и пиперки. Производството на околу 2.000 земјоделци беше опустошено, а штетите се проценија на повеќе од 1,6 милиони евра. Засега не е познато колкави ќе бидат штетите од невремето што деновиве ја зафати земјата. Но на виделна веќе излегуваат последиците од пролетните поплави. Сатистиката регистрираше раст на цените од 10 до 15 денари за килограм, токму на оние производи што најмногу беа погодени од пролетните поплави.
Ј.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.