21 Мај, 2024
0.0323

Зошто НЛБ Д.Д. Љубљана и НЛБ Банка Скопје продаваат фирма што управува со пензиски бизнис вреден над 370 милиони евра?

Објавено во: Економија 22 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Словенците одлучија мајката банка НЛБ и аквизицијата НЛБ банка Скопје да продадат друштво кое управува со два пензиски фонда кои сега вредат над 370 милиони евра. Друштвото има капитал од 6 милиони евра, а за лани на двете банки подели дивиденда во износ од 0,8 милиони евра

НЛБ Д.Д. Љубљана и нејзината македонска аквизиција НЛБ Банка Скопје одлучија да го понудат на продажба „Нов пензиски фонд Скопје“, друштвото кое управува со два пензиски фонда на македонскиот пазар на капитал. Намерата за продажба двете банки ја објавија на интернет страницата на Македонската берза и јавност покажа голем интерес за оваа информација особено заради тоа што за прв пат во кратката македонска историја на капитално финансирано пензиско осигурување се нуди на продажба друштво кое управува со пензиски фондови кои вредат над 370 милиони евра. Од тие два знајачно поголем е „НЛБ Пензиски фонд“ од задолжителниот втор столб, а помал е „НЛБ Пензија плус“ од доброволниот трет столб. Неофицијално, намерата на словенските сопственици е љубљанската банка да се продава годинава и претходно треба да се продадат сите деловни единици кои не се суштествени за банкарскиот бизнис.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста ги достави следниве прашања до НЛБ Банка Скопје:

- Наведете од кои причини одлучивте да го понудите на продажба друштвото за управување со пензиски фондови и двете банки (НЛБ Љубљана и НЛБ Скопје) да се откажат од бизнис на управување со над 370 милиони евра со интенција на раст на бизнисот?  

-Зошто одлуката за продажба важи и за НЛБ Скопје и дали таа не може да остане и да биде акционер во друштвото што управува со двата пензиски фонда?

Наместо одговори на прашањата од НЛБ Скопје добивме „Информација за започнувањето на процесот за продажба на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје“ која ја пренесуваме во целост: „На 17-ти Март, 2017 година сопствениците на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје – (НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје) ja известија јавноста за започнување на процесот на продажба на 100% од акционерскиот капитал во Друштвото. НЛБ Групацијата на долг рок ќе се фокусира на основните банкарски дејности на македонскиот пазар – еден од клучните стратешки пазари за НЛБ Групацијата. Ова ќе биде главно остварено преку НЛБ Банка АД Скопје, која е една од најголемите меѓу клучните банки на НЛБ Групацијата. НЛБ Групацијата е свесна за важноста на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на македонскиот пазар за управување со пензиски фондови, затоа, има намера да го спроведе процесот на продажба на начин кој ќе му овозможи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје да продолжи да функционира нормално, во согласност со сите регулаторни правила и да обезбеди највисок степен на безбедност и квалитет на услугите за членовите на фондовите. Процесот на продажба ќе биде спроведен во согласност со сите релевантни прописи и закони. 2016 година беше најуспешна до сега за НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Друштвото ја заврши годината со капитал од околу 6 милиони евра, а на акционерите во 2016 година им подели рекордна дивиденда од 49,5 милиони денари (805 илјади евра). НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, управува со два пензиски фонда во Македонија (пензиски фондови од задолжителниот втор столб „НЛБ Пензиски фонд“ и доброволниот трет столб„НЛБ Пензија плус), управувајќи со средства во износ од повеќе од 370 милиони евра и повеќе од 210 илјади членови.“

За процесот што го отпочнаа двете банки НЛБ Љубљана и НЛБ Скопје се огласи и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Во нивното соопштение за јавност се истакнува дека НЛБ Нов пензиски фонд Скопје ќе продолжи да ги извршува своите функции согласно со законската регулатива и во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови со кои управува“ пренесува Телевизија Телма во веста објавена на нивната интернет страница која може да ја прочитате на следниот линк МАПАС ќе ја следи и контролира продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд | telma.mk. 


Можеби ќе ве интересира

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра