„Зошто одбивте бескаматен кредит од Кина и го избравте скапиот на Обединетото Кралство?“: Крмов кон Николоски
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2025 10:19
На седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, го упати своето прашање до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, барајќи одговор зошто Владата одбила бескаматен кредит понуден од Народна Република Кина и на брза лента се одлучила за заемот на Обединетото Кралство.
Крмов посочи дека договорот со Обединетото Кралство, преку кој треба да се земе заем од околу 3,5 милијарди евра, сè уште не е објавен и дека според најавите кредитот е со камата меѓу 3 и 4,5 отсто.
- Со таков непромислен потег, државата ќе ја оштети сопствената економија за најмалку 850 милиони евра, а штетата може да достигне и милијарда евра - истакна пратеникот.
Дополнително, Крмов нагласи дека најголемите светски економии, меѓу кои САД, Европската Унија и Обединетото Кралство, се меѓу најголемите корисници на кинески кредити: САД со над 200 милијарди долари, ЕУ со над 160 милијарди, а Обединетото Кралство со 60 милијарди евра.
- Дали мислиме дека тие земаат поскапи кредити од Кина одошто кредитот што тие ни го нудат нам? праша Крмов, посочувајќи дека Македонија изгледа како единствена земја без осет за национален интерес, која доброволно се откажува од најевтиниот капитал на светот.
Крмов истакна дека никаков економски аргумент не ја оправдува одлуката да се одбие бескаматниот кредит. Тој укажа и на серијата чекори со кои Владата непотребно ја турка Македонија во конфронтација со Кина - од средби со претставници на Тајван, до приклучување кон критични изјави.
На крајот, пратеникот постави директно прашање до министерот Николоски: Дали Владата била присилена да прифати Македонија да биде пионче во геополитичките игри? Дали до толку немаме сенс? Или пак станува збор за страв од неуспех на зацртаните коруптивните зделки? Доколку не биле присилени, која е економската и политичката логика што стои зад одлуката да се прифати кредит кој ќе го чини македонскиот народ од 850 милиони до една милијарда евра повеќе?
Еве го неговото обраќање:
Фото: Принтскрин/Јутуб
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





