Добивај вести на Viber
Под покровителство на Град Скопје , а во организација на агенцијата Креатива ќе се одржи најновото издание на Фестивалот на органска храна. Фестивалот традиционално се одржува трета година по ред и е проследен со огромен интерес од јавноста. Годинава, фестивалот ќе се одржи во сабота, на 8 јуни во Скопје, на платото пред Skopje City Mall, со почеток во 10 часот, а ќе заврши истиот ден во 18 часот.
Фестивалот има за цел да го промовира органското земјоделство како важен, перспективен дел на одржливото производство. Ќе се претстават македонски производители на органска храна и други органски производи, ставајќи акцент на значењето на користењето органски производи за заштитата на биодиверзитетот, унапредувањето на здравјето на сите живи организми, на сегашните и идните генерации.
Настанот во 12 часот ќе го отвори градоначалникот на Скопје, г.
Коце Трајановски.
Покрај официјалното отварање на фестивалот, сите посетители ќе имаат можност да се забавуваат со RNC бенд. Нивниот настап е најавен за 15 часот.
За време на фестивалот посетителите ќе имаат можност да купат и дегустираат производи од петнаесетина македонски изложувачи, производители на органска храна.
Еве неколку интересни факти поврзани со органската храна:
-Сонцето и фиданката се ознаки на македонското органско производство на храна. Со оваа ознака се гарантира потполно органски производ во кој се запазени сите критериуми за органско производство.
-Органските фарми ги чуваат нашата убава флора и фауна. Органскиот начин на производство не ја загадува природата со хемикалии и вештачки ѓубрива, а и произведува помалку јаглерод диоксид – основниот глобален гас кој ја загадува земјата.
-Храната е произведена според високи стандарди. Органската храна потекнува од производители на кои може да им се верува. Сите фарми и компании кои произведуваат, преработуваат или тргуваат со органска храна, подлежат на чести инспекциски контроли. Стандардите за производство на органска храна во Република Македонија се дефинирани во европските закони. Органскиот сертификат гарантира дека храната е произведена според високи стандарди и дека не содржи никакви штетни материи.
-Органските производители не користат хемиски препарати во производството. Во конвенционално одгледаните производи може да се најдат остатоци и од хемиски материи кои се користат во производството, а кои некогаш не се отстрануваат дури и по миењето.
-Органската храна е подобра за човекот. Таа содржи поголемо количество витамин Ц и неопходни минерали како калциум, магнезиум, железо и хром, но исто така и неопходни антиоксиданти кои се борат против ракот. Свежите органски производи во споредба со неоргански одгледуваните содржат повеќе витамини, минерали, ензими и голем број хранливи материи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.