20 Декември, 2025
0.0566

Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?

Објавено во: Мои пари 25 Декември, 2013 14:54

Добивај вести на Viber

Во низата вести кои го поврзуваат работното опкружување со лоши последици врз здравјето, тешко е да ги препознаеме добрите страни на состојбата на стална вработеност. Кога станува збор за здравјето, работата обично има лоша репутација и се врзува со разните проблеми предизвикани од прекумерното седење, растроеното спиење поради работењето во смени и ред други негативни последици. Но, новото истражување кое го спровело британското министерство за труд и пензии, покажало дека вработените лица помалку се разболуваат, имаат помал ризик од заболување од хронични болести, помали се шансите да патат од ментални болести и генерално, имаат пониска стапка на смртност. Се разбира, овие позитивни последици се однесуваат на оние кои имаат добра работа, со солидна плата, редовен годишен одмор, разумно работно време, се чувствуваат задоволни и сметаат дека припаѓаат во таа околина. Воедно, оние кои имаат добар однос со колегите, ќе живеат подолго – покажало истражувањето. Чувството на припадност на некоја група претставува друштвена „сигурносна мрежа“, која се поврзува со долгиот животен век кај луѓето. Исто така, вашата работа ви помага да се чувствувате корисни. Некои истражувања покажуваат дека сѐ поголем е бројот на луѓе кои одлучуваат да работат и во својата длабока старост, бидејќи сакаат да имаат причина да станат наутро од својот кревет, а тоа му дава смисла на човечкиот живот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии