Зошто расте берзата во САД?
Објавено во: Анализа 29 Јануари, 2013 08:00
Како што може да забележите владата на САД може да се задолжува со стапка од 3% на 30 години. Исто така како што гледате стапката за обврзници до 5 години е помала од 1%. Ова е исклучително мал принос за оние кои инвестираат во обврзници.
Во продолжение еден долгоречен график во кој е даден приносот на 10 годишната државна обврзница исто така во САД
Феноменален график кој вели дека приносот за оваа обрзница е најнизок сега мерено од 1880 година. Тоа е повеќе од 130 години. Значи светот изгледа верува дека Америка има најголем капацитет да ги враќа парите кои ќе ги позајми.
Е сега еве го просечниот дивиденден принос на акциите од индексот S&P 500. Повелете:
Просекот на дивиденден принос (и покрај огромниот раст на берзата, а знаеме дека кога цените на акциите растат приносот паѓа) е 2,1%. Значи има акции кои имаат значително поголем дивиденден принос. Имајте во предвид дека големиот Питер Линч во неговите правила за инвестирање вели дека кога приност на обврзниците е 6% поголем од дивидендата на акциите треба да почнете да ги продавате акциите, а да купувате обврзници.
Интересно е дека сега се наоѓаме во една надреална ситуација. Еве зошто:
Реaлната вредност на носечкиот индекс е скоро на историски највисико ниво и притоа акциите имаат и релативно висок цена/заработка коефициент. Еве за што зборуваме:
Ова е Шилеровиот коефицинет (значи тоа е 10 годишен просек и е направен вака да може да даде постабилни резултати). Долгорочниот просек е 16.
Инвеститорите едноставно се приморани да одат во акции. Впрочем тоа и беше политиката на ФЕД која во основа ја создаде оваа надреална ситуација.
Сега влегуваме во една неизвесност која на крајот треба да даде одговор на следниве прашања:
1.Колку е одржлив овој ултра низок принос на обврзниците?
2.Дали ако почне да се продаваат обврзници парите ќе одат во акции и индеските повторно ќе достигнуваат нови врвови?
3.Дали цените на акциите ќе се намалат и пазарот на обврзници ќе остане балансиран?
Доколку сепак се држиме до економската теорија, треба да го изведеме следниот заклучок. Се враќаме на првиот график, кој во основа ни го кажува следново. Доколку разликата помеѓу кратките и долгите обврзници е над 2,5% (така е денеска) инвеститорите очекуваат раст на економската активност и зголемување на каматните стапки во иднина. Поради тоа сите одат во краткорочни обврзници притоа нивната цена расте, додека приност паѓа. Ова го прават бидејќи очекуваат зголемена инфлација и економска активност во идниана што ќе предизвика раст на каматните стапки и во тој момент многу лесно (бидејќи имаат обврзници што брзо доспеваат) ќе се префрлат во подолгорочните хартии од вредност. Значи ситуацијата теоретски гледано не е воопшто лоша.
Главниот проблем е што на оваа ситуација во голема мера влијае Бернанке со неговите 70 милијарди месечно, па така ова е во основа една нова ситуација која не може да се процени како точно ќе заврши, но засега Бен излегува како победник во борбата со апокалиптичарите.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





