18 Декември, 2025
0.1813

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

Објавено во: Свет 28 Март, 2024 16:48

Добивај вести на Viber

Руските служби велат дека во март добиле информација од американските колеги дека се спрема терористички напад, но тоа било одоколу. 

Руската агенција РИА Новости пишува дека директорот на руската Федерална безбедноста служба ФСБ, Александар Бортников, изјавил дека Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија. Сепак,  информациите биле од општа природа. Тој изјави дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.

Недовербата меѓу руската служба и другите странски служби е можеби еден од повеќето фактори кои придонеле руските служби да потфрлат во откривањето на терористичкиот напад кој се случи во салата „Крокус“ во Москва во петокот, каде загинаа 143 луѓе, а над 300 се повредени, додека 100 се исчезнати. 

„Њујорк Тајмс“ пишува дека американските разузнавачи не им ги пренеле на Русите  сите информации што ги имале за групата ИСИС-К од страв да не ги откријат своите извори.

„Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските функционери да пренесат повеќе од неопходни информации за планот (на терористите) поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се наведува во написот.

Терористите кои го извршија нападот се од Таџикистан. Тие рекоа дека убивале за пари. Ветени им биле 5.000 евра. Русија обвини дека зад нападот стојат САД, Британија и Украина. Киев ги негираше овие тврдења. 

Русија уапси таџикистански државјанин кој живеел во Санкт Петербург и го правдал нападот. 

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина