07 Октомври, 2024
0.0261

Зошто се повторно приведени Чавков, Поповски, Ѓошевски, Лазаров и Пешов?

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Врховниот суд вчера донесе одлука мерката  притвор на четворица обвинети за настаните на 27 април  да им ја замени за куќен притвор. Иако беа пуштени во домашен притвор доцна синоќа, после полноќ, дел од обвинетите лица за одговорност во крвавиот четврток на 27 април, минатата година, повторно беа уапсени.

Повторно се приведени М.Ч., М.П., Д.Л., О.П. и Г.Ѓ., кои пред еден ден беа пуштени во куќен притвор. Тие беа осомничени за насилството што се случи на 27 април минатата година во Собранието.

„Постапувајќи по решение на Основен суд Скопје 1, пет лица се пренесени во Истражниот затвор Скопје“, информираат од МВР

Според досегашните информации, ноќеска повторно биле уапсени Митко Чавков екс-министер во МВР и директор на БЈБ, Душко Лазаров началник на ЈРМ, Митко Пешов началник на гранична полиција, и две лица од Собраниското обезбедување Поповски и Ѓошевски.

Обвинителството соопшти дека 28 лица се обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а двајца се гонат за „помагање“, за истото кривично дело, за што е предвидена најмала затворска казна од 10 години.

Претходно Врховниот суд по жалбите на осомничените реши, за дел од нив да ги укине мерките притвор и куќен притвор. Пред  еден ден од затвор излегоа екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои добија мерката куќен притвор.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил