Зошто се зголеми невработеноста во Германија?
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 17:48
Расте невработеноста во Германија.
Невработеноста се зголеми во септември, но за помалку од очекуваното.
Сојузната агенција за вработување во петокот соопшти дека бројот на луѓе без работа во Германија се зголемил за 10.000, според сезонски приспособени податоци, на 2.642.000. Аналитичарите кои ги консултираше „Reuters“ очекуваа нивниот број да порасне за 15.000 луѓе.
Сезонски приспособените бројки за невработеноста покажаа дека таа се одржувала на 5.7 отсто во септември.
Се верува дека германската економија е изложена на ризик да падне во својата втора рецесија за една година по падот во последниот квартал од 2022-ра година и првиот квартал од 2023-та година.
foto freepik.com/anyaivanova
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




