Зошто шефот на македонската дипломатијата Димитров патува за Холандија?
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2018 08:28
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров на 14 и 15 мај 2018 ќе престојува во работна посета на Кралството Холандија, соопштија од неговиот кабинет.
За време на посетата, МНР Димитров ќе оствари средба со новиот министер за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, кој ја презеде должноста во март оваа година.
Исто така, министерот Димитров ќе се сретне и со Мартијн Лукасен, советникот за ЕУ прашања на Премиерот на Холандија, со Генералниот директор за европски работи во Министерството за надворешни работи, Матијс ван дер Плас, како и со Генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вин Гертс. Министерот ќе има и обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија.
Во рамките на посетата, МНР Димитров ќе одржи предавање на реномираниот Институт за меѓународни односи, Клингендал.
Шефот на македонската дипломатијата ќе реализира средба и со амбасадорот Ахмед Узумчу, Генерален директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), чие седиште е во холандскиот главен град.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите




