22 Јануари, 2025
0.0343

Зошто Тетово е најзагадениот град!

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Еколошката состојба во поголемите градови во Македонија, посебно во Скопје и Тетово е загрижувачка, посебно во зимскиот период. Според Светската Здравствена Организација 80% од белодробните заболувања во светот се резултат на воздушното загадување од колите, камионите и останатите возила. 

Отровите во воздухот претставуваат најголема закана за децата, затоа што тие покрај нивната мала физичка издржливост, тие имаат и многу малечки бели дробови и капацитет. Само во Тетово неофицијално се проценува дека се возат над 120.000 автомобили, интензивно се гради без да се запазуваат еколошки стандарди, голем е бројот на постари автомобили кои испуштаат отрови, се крева прашина, постојат голем број на диви депонии, а зелени површини речиси и да не постојат. Со согорување на само 1 литар гориво се испуштаат 2,5 килограми јаглерод диоксид. 

Потребни се 3,5 возрасни дрва, со цел да се неутрализира количеството на јаглерод диоксид, кој само еден автомобил го произведува чекајќи на семафор! Иако градот е под Шар Планина, состојбата е аларманта. Велосипеди многу малку се користат, речиси и да не постојат велосипедски патеки, паркирани автомобили можат да се забележат на секој чекор, а јавниот превоз е неорганизиран, што е и причина луѓето почесто да се превозуваат со автомобили. 

Сето ова кулминира во зима со покачување на концентрациите на РМ10 во урбаните градски средини, како резултат на затоплување на домовите (печки на дрва) и фрекфентниот сообраќајот (издувните гасови од возилата), но се должи и на минималното струење на ветерот, маглите и температурните инверзии, заради што загадувачките материи не се дисперзираат и остануваат на местото на создавање. 

Температурните инверзии предизвикуваат ладниот воздух (кој ги задржува атмосферски честички) да остане доле, што е и причина за создавањето на смог. Некои извори на загадување, како нивото на индустриски гасови, се константни во текот на целата година, без оглед на сезоната. Така што посочувањето како главни виновници за загадувањето одредени индустриски капацитети, посебно Југохром се предимензионирани, и значат непревземање на лична одговорност. Загаденоста е голема и кога неработи Југохром, што води кон заклучок дека неоправдано “прстот се вперува” на овој наш комбинат, и неосновано голем број на работници се оставени без работа. 

Доколку Тетовчани ги заменат автомобилите со велосипеди, доколку се решат дивите депонии, доколку има многу повеќе зелени површини состојбата ќе биде подобрена. Светот досега се соочил со голем број стихијни човечки катастрофи предизвикани од загадувањето на воздухот. Во 1952, Големиот Смог во Лондон “уби“ 8.000 души, а растот на нивото на загаденост на Пекинг, резултираше со појава на нови респираторни заболувања, меѓу кои една нарушена здравствена состојба која се одликува со нетипчна болна кашлица и се нарекува – Пекиншка Кашлица. 

Секој од нас може бар во зимскиот период на температурни инверзии да избере да користи јавен превоз, да пешачи или да вози велосипед за да ја намали поединечната емисија на штетни издувни гасови од горивата. Еден автобус може да превезе еднаков број на патници што би возеле дури 40 автомобили одвоено. Пожелно е луѓето да рециклираат во континуитет. 

Рециклирањето на амбалажниот отпад помага многу за почист воздух затоа што при неговото разградување во природата тој испушта јаглерод моноксид, метан (CH4) и други штетни гасови во воздухот.

Можеби ќе ве интересира

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА: Недостигаат лекови за најтешките пациенти со карциноми

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА: Недостигаат лекови за најтешките пациенти со карциноми