05 Декември, 2025
0.0288

Зошто Вардарскиот регион е лидер по производство на грозје?

Објавено во: Агробизнис 18 Февруари, 2020 06:51

Добивај вести на Viber

Во Македонија Вардарскиот регион е број еден кога е во прашање производството на грозје.

Ова го покажуваат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика. 48.6 отсто од производството на грозје отпаѓа на овој регион, а истиот има 11.230 лозови насади.

Aгрономите велат дека овој дел од Македонија има  најпогодни услови за одгледување на грозје.

„Временските услови се најважни. За виновата лоза најдобра е надморската височина до 400 метри, а над оваа височина веќе е ризично. Делот од Гевгелија до Скопје има најдобри услови за производство на грозје. Услови за садење на винова лоза има и во делот од Велес до Штип, опфаќајќи го тука и Свети Николе. Дополнително на грозјето му требаат и сончеви денови, нешто што Вардарскиот регион го има. Во август грозјето се соочува со суши, и затоа е неопходно да има и системи за наводнување. Во Пелагонија нема голем број на лозови насади, затоа што мразевите го уништуваат родот секоја втора година. Под Пелистер нема некои услови за производство на грозје и затоа има малку насади“, вели агрономот Иван Зафировски.

Југостокот произведува 34.5 отсто од грозјето во земјава и располага со 6.266 лозови насади.

Источниот регион произведува 5.8 отсто од грозјето во земјава, а има 2.070 лозови насади.

Скопскиот регион произведува 3.3 отсто од грозјето, а има 1.515 лозови насади.

Другите региони имаат многу помало производство, односно Пелагонискиот регион има 869 лозови насади, Североисточиот регион 1.449 насади, Полошко 44, и Југозападниот регион 593 лозови насади.

Статистика пресмета дека во 2018 година, македонскиот граѓанин во просек пиел по 1.9 литри купено вино.

Произведени се 125.216 шишиња црвено вино и 132.433 шишиња бело вино.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?